Британецот Џејмс Робертс вели дека неговиот изум, кој чини 400 долари, би можел да биде решение за предвреме родените бебиња во сиромашните земји каде што нема многу инкубатори.Секоја година, околу милион бебиња умираат од компликации поради предвремено раѓање. Голем дел од нив би можеле да бидат спасени, кога би имале пристап до инкубатори. Меѓутоа, овој скап апарат ретко може да се пронајде во земјите во развој.
Лекарите велат дека многу бремени жени во земјите во развој предвремено раѓаат, посебно во камповите за бегалци и тоа во поголем дел поради лошата исхрана и нездравите животни услови. Предвременото раѓање е најголемиот убиец на деца ширум светот. Малечките бебиња се раѓаат уште пред да им се развијат белите дробови во целост, па се подложни на смртоносни инфекции.
Инкубаторот на надувување може да се спакува и кога ќе се свитка изгледа како обична торба за патување. Се напојува со обична струја, но Робертс истакнува дека пронајде решение и во случај да дојде до снемување на струја, што често се случува во камповите за бегалци.
– Си помислив, „зошто да нема акумулатор?“ Има толку многу автомобили, што тие се практично подготвени за користење. Секако, инкубаторот можете да го поврзете со акумулатор и така ќе имате енергија 24 часа, а кога ќе се врати струјата, акумулаторот ќе може да се наполни и да продолжи да работи на струја – објаснува Џејмс.Секоја година, околу милион бебиња умираат од компликации поради предвремено раѓање. Голем дел од нив би можеле да бидат спасени, кога би имале при



