Спасов: Изештајот на ИБМ го потврдува успехот на политиките на Владата

Loading...

Македонија втора година по ред рангирана на првото место во светот по бројот на новоотворени работни места, објави угледниот ИБМ институт.За ова признание кое е доказ за успешните економски политики, во вестите зборуваше министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
-Извештајот на ИБМ е уште една потврда за политиките на Владата на Република Македонија за привлекување на странски директни инвестиции и отворање на нови работни места. Со овој извештај во кој се рангира нашата земја како прва во новоотворени работни места се потврдуваат нашите заложби и заложбите на целиот владин тим во борбата за намалување на невработеноста.  Политиките кои ги реализира Владата во изминативе години, било да се тоа во привлекување на странски инвестиции или за поддршка на македонските компании даваат резултати, рече Спасов.
Целото негово гостување на Канал 5, погледнете го во продолжение:
За ова признание кое е доказ за успешните економски политики, во вестите зборуваше министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

loading...