Спасов: Отворањето на нови работни места останува приоритет за Владата

Отворањето на нови работни места останува приоритет број еден за македонската Влада, изјави Диме Спасов за Курир.Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов вели дека проектот „Македонија вработува“ беше еден од најуспешните проекти кои ги има реализирано оваа Влада.
-Отворањето на нови работни места во Македонија мора да продолжи. Сплет на активности, мерки и проекти се во реализација со цел да ги поддржиме приватните компании да продолжат со нови вработувања, со нови работни места бидејќи тоа им помага на граѓаните, тоа и помага и на Република Македонија. Изминатиов период реализиравме низа значајни мерки кои што влијаеја на намалување на невработеноста. Невработеноста е на историски најниско ниво и очекуваме да продолжи да се намалува. Проектот „Македонија вработува“ беше еден од најуспешните проекти кои ги има реализирано оваа Влада. За една година успеавме да отвориме над 19.000 нови работни места во малите и во средните компании во Република Македонија. Над 90 % од корисниците на оваа мерка се микро и мали компании со до 10 вработени. Тоа зналчи дека проектот „Македонија вработува“ точно ја погоди целта. Им помогна на македонските бизнисмени, им помогна на македонските мали компании да се развиваат, да го зголемат својот број на вработени, да заштедат средства, тие средства да ги наменат за развој на сопствениот бизнис, рече Спасов.
Голем успех забележа и мерката за вработување на млади лица „1+1“ со ослободување од плаќање на социјални придонеси за една година.
-За две години реализиравме преку оваа мерка над 12.000 работни места. Таа мерка заврши и проектот „Македонија вработува“ заврши. Ние сме исклучително задоволни од овој проект. Продолжуваме со реализација и на оперативниот план за активни мерки и политики за вработување, со мерките за обуки, со мерките за субвенционирање на вработување, за самовработување. Истите очекуваме да продолжат да отвораат нови работни места во нашата држава. Со тоа не планираме да застанеме и понатаму продолжуваме со реализација на крупни проекти кои ќе помогнат во отворање на нови работни места и ќе помогнат во борбата со невработеноста во Република Македонија, рече Спасов.Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов вели дека проектот „Македонија вработува“ беше еден од најуспешните проекти кои ги

Пронајдете не на следниве мрежи: