Спасовски не им укажа достојна почит на хероите кои Иванов ги одликуваше

Претседателот Ѓорге Иванов денеска со „Орден за воени заслуги“ ги одликува Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи, а со „Медал за храброст“ посмртно ги одликува и осумтемина припадници на безбедносните сили на МВР кои на 9 мај 2015 година загинаа при антитерористичката операција во Куманово.Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски не им укажа достојна почит и чест на македонските бранители со тоа што не се појави на церемонијата.
 – Со овие медали за храброст ние нема да ги вратиме назад. Нема да ги избришеме солзите на нивните родители, сопруги, деца… Нема да ја исцелиме болката на нивните пријатели и другари. Нема да ја вратиме радоста во нивните домови, рече Иванов.
Но, како што посочи, со овој чин јасно покажуваме дека Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ не се заборавени.
– Нивната жртва не беше залудна. Напротив. Тие загинаа за нашите деца да имаат мирен сон, но и за побезбеден живот на нашите сограѓани, а со тоа и за заштита на националната безбедност на Република Македонија, додаде претседателот Иванов.Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски не им укажа достојна почит и чест на македонските бранители со тоа што не се појави на це

Пронајдете не на следниве мрежи: