Спасовски со манипулации сака да ја избегне одговорноста затоа што дозволи беззаконие во Бутел

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски  денеска одбегна директно да одговори зошто дозволи хулигани да палат и да уриваат во Бутел, туку се обиде со манипулации да ја избегне одговорноста за беззаконието кое самиот го дозволи.-После една ваква разврска, нема место да се протестира пред Министерството за внатрешни работи. Затоа што на таков начин се понижуваат полициските службеници коишто најпрофесионално си ја извршија својата задача во овие тешки моменти за Република Македонија и општина Бутел, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Идризово.
Револтот на граѓаните насочен кон него заради недавањето наредба да се штити правната држава , Спасовски сакаше да го спинува како револт насочен кон полицијата и дека на таков начин се понижувале полициските службеници.
Сепак, и покрај обидот за вакви ниски манипулации, јавноста добро памети дека станува збор за истиот Спасовски кој ден после полициската акција во „Диво Насеље“ во која загинаа осуммина македонски херои не дојде во болница да ги посети повредените полициски службеници, туку со неговиот лидер Зоран Заев отиде да прави селфи на местото каде што животите ги положија македонските бранители.
Манипуалциите на Оливер Спасовски не минуваат кај граѓаните. На денешниот протест предводен од Светскиот македонски конгрес (СМК) немаше ниту една порака против професионалците во МВР, туку напротив, граѓаните бараа одговорност лично од него.
-СМК го осудува однесувањето на Спасовски, кој на 3-ти март не издаде наредба за заштита и им овозможи на протестантите од Чаир вандалски да го запоседнат градилиштетото на крстот во Бутел.  СМК го прашува министерот Спасовски, дали овие постапки се дел од сценариото на неговиот помошник Едмонд Адеми, дека треба да се лее клрв по улиците во Македонија. Дојдовме овде за да побараме Спасовски да си ја изврши работата, наместо граѓаните да ја земат правдата во свои раце, како што тоа го прави градоначалникот на Чаир, секојдневно и насекаде, кршејќи го Уставот и законите. Чаир не смее да стане гето во Центарот на Скопје. Уставот и законите морат да важат за сите и на секое емсто, рече пред граѓаните претседателот на СМК, Тодор Петров.
“Оливер остави професионалци да си ја вршат работата”, “Оливер зошто земаш плата” , „Верата, јазикот, културата се столбовите на македонштината“, „Оливер, за колку го продаде македоснкиот анрод“, пишуваше на дел од транспарентите кои ги носеа граѓаните.-После една ваква разврска, нема место да се протестира пред Министерството за внатрешни работи. Затоа што на таков начин се понижуваат полициските

Пронајдете не на следниве мрежи: