Специјалното јавно обвинителство, на чело со Катица Јанева, спрема нова „театарска претстава“

Loading...

Специјалното јавно обвинителство, на чело со Катица Јанева, спрема нова „театарска претстава“ со цел да го врати урнисаниот углед кај јавноста.Од она што до сега го видовме од работењето на СЈО е пристрасност и непрофесионалниот,  со голема доза на театралност која овој пат ќе биде искористена за да  си ја спасат „кожата“.
Планот кој што го смислила Катица Јанева за покривање на сопственото непрофесионално однесување опфаќа две насоки:
ПРВАТА е  да се пласираат апсурдни предлози за специјален суд или оддел во МВР, кои се надвор од договорот од Пржино.
Ова е желба и предлог на Катица Јанева која на тој начин сакала да ја комплетира својата работа која според сите параметри се оценува како целосно фијаско, политички претенциозна и политички мотивирана.
ВТОРАТА  е наводното покренување на некакви процеси против лидерот на СДСМ Зоран Заев. Преку овие случаи Катица Јанева ќе се обиде да прикаже некаква неутралност и неселективност, а всушност истите се однапред договорени и треба да завршат со ослободување од прогон на Зоран Заев.
Овие планови, повторно се во корист на Јанева и Заев и планирано е двојно да профитираат: СЈО ќе ја враќа довербата како независна институција, а од друга страна Заев би требало да изгледа како жртва која на крај се изборила за правда и се докажало дека е невин.
Катица Јанева тука ќе се појави како „неутрален обвинител“ и ќе ги покрене случаите против лидерот на опозицијата.
Во меѓувреме, аболицијата на соработниците на Заев и Верушески се уште е на сила.
 
Имено Звонко Костовски кој е единствениот осуден за аферата „Пуч“, откако на 04.07.2016 година беше укината аболицијата, до него од страна на судот беше упатен налог да се врати на доиздржување на затворската казна. До сега тој се нема јавено.
Звонко Костовски кој на 25-ти февруари минатата година доби затворска казна од 3 години за незаконско прислушување и шпионажа признал  на кој начин соработувал со странските служби, како Верушевски ги координирал осомничените, кој бил мета на незаконско следење по налог на поранешниот разузнавач.
Преку вториот вработен во МВР тој стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности. Од пресудата може да се видат иницијалите на дел од прислушуваните . Меѓу нив може да се препознаат првите букви од имињата на премиерот Груевски, министерката Јаснкулоска, шефот на УБК Мијалков, како и други иницијали кои се индикативни како БЦ на Бранко Црвемнкосвки и РШ на Радмила Шекеринска.
Потоа снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР кој пак му ги предавал на верушевски. Крајната дестинација биле странските тајни служби.
– Прибавените содржини од следените комуникации обвинетиот З. ги предавал на обвинетиот Ѓ.Л. кој му ги предавал на обвинетиот З.В., ,со намера да тој ги соопшти и предаде на странска држава, организација и лице кое им служи, со што обвинетите Ѓ.Л. и З. К. ,на обвинетиот З.В., за паричен надоместок му ставиле средства за располагање за извршување на кривичното дело, и со тоа со умисла му помогналe на обвинетиот З.В., во извршување на кривичното дело Шпионажа од чл.316 од КЗ., стои во судската пресуда.
Костовски доби 3 години затвор преку спогодба со јавното обвинителство  која потоа била верификувана од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд.
Костовски поднел жалба
Информациите до кои што дојдовме велат дека на 05.07.2016 година, односно по еден ден откако Иванов ја повлече аболицијата, Костовски преку неговиот адвокат поднел жалба и во моментов сеуште е во тек жалбената постапка, по однос на упатниот акт на судот.
Укинување на притворот на Верушески
Иако Костовски призна на кој начин соработувал со странските служби, како Верушевски ги координирал осомничените, како и тоа кој бил мета на незаконско следење по налог на Верушевски, прва работа која ја направи Катица Јанева откако беше формирано СЈО, беше укинување на притворот на Верушевски. Истиот тој Верушевски за кој Костовски призна дека соработувал со странски служби и незаконско следел комуникации на македонски граѓани.
Ваквите постапки на СЈО од самиот почеток на работењето дадоа црвено алармантно светло за тоа како ќе се одвива понатамошната работа на ова обвинителство. Од тој момент започна да се урнисува угледот на СЈО во очите на јавноста, се што следеше потоа беше пристрасно, непрофесионално, покренување на исклучиво политички а не правни обвиненија.
Токму поради тоа, Катица Јанева го смислила новиот план во две насоки за да се обиде да го врати угледот на СЈО.
Дел од тој план ќе биде обидот да се исценира случај против Зоран Заев, кој ќе заврши со одлука да се повлече СЈО од истиот.
 Од она што до сега го видовме од работењето на СЈО е пристрасност и непрофесионалниот,  со голема доза на театралност која овој пат ќе биде ис

loading...