Спектакуларна ноќ во НБА лигата

Спектакуларни натпревари беа одиграни во НБА лигата, во ноќта помеѓу петокот и саботата. Ноќта донесе и извонредни индивидуални претстави на одредени кошаркари (Ентони, Харден, Кари, Паркер, Олдриџ), како и крај на победничките серии на Сан Антонио и Индијана.

ЛА Лејкерс забележаа победа над Шарлот со 100:83, иако најлошиот тим во лигата, во еден дел од второто полувреме имаше 20 поени предност. Коби Брајант ги предводеше Лејкерси до победата со 20 поени, сите во второто полувреме, а 14 суперстарот на ‘езерџиите’ постигна во последната четвртина. Мајами во дербито победи против ЛА Клиперс со 111:89, Леброн Џејмс реализира 30 поени, а Вејд 20, кај Клиперси се истакна Деандре Џордан со 17 кошеви. Мајами, на овој натпревар играше без Крис Бош и Реј Ален, додека Клиперси не го избегнаа поразот иако во тимот се вратија Крис Пол и Блејк Грифин. Оклахома убедливо славеше над Феникс со 127:96, Кевин Дурент постигна 21 поен. Кошаркарите на Оклахома погодија, на овој натпревар, 14 тројки од 21 обид.Њујорк одигра одлична последна четвртина и стигна до победата над Минесота со 100:94. Кармело Ентони со 36 поени и девет скокови беше предводникот на Никси. Џејмс Харден со 25 поени и 11 асистенции беше предводникот на Хјустон во победата над Портланд со 118:103. Ламаркус Олдриџ со 31 поен и 11 скокови блескаше во поразениот тим. Детроит го направи изненадувањето на вечерта победувајќи го Сан Антонио со 119:109. Грен Монро имаше учинок од 26 поени и 16 скокови. Тони Паркер (31 поен) се истакна кај Спарси, кои ја прекинаа серијата од 11 последовни победи. Торонто победи во Индијанаполис, по продолжението со 100:98, со што ја прекина серијата на 15 последовни победи на Индијана на домашен терен. Арми Џонсон најпрвин погоди во последната секунда за Торонто и го однесе мечот во продолжение, а потоа во дополнителното време Руди Геј со кош во последната секунда им ја донесе победата на Репторси. Геј со 23 поени беше најефикасен во редовите на Торонто, Индијана ја предводеше Дејвид Вест со 30 поени. Индивидуално се истакна Гривис Васкес, тој во победата на Њу Орлеанс над Атланта 111:100го запиша првиот ‘трипл дабл’ во кариерата. Васкез мечот го заврши со 21 поен, 12 скокови и 11 асистенции. Орландо ја има најдолгата серија на порази во лигата, Магичните против Кливленд загубија 12-ти пат во низа. Кајл Ирвинг беше најефикасниот играч на Кливленд кој победи со 119:108. Мемфис Гризлис победија на дуелот со Голден Стејт со 99:93, иако Стивен Кари постигна 32 поени. Чикаго ја совлада Јута со93:89, Карлос Бузер ги предводеше Биковите со 19 поени, од кои 11 уфрли во последната четвртина. 
Макфакс
Спектакуларни натпревари беа одиграни во НБА лигата, во ноќта помеѓу петокот и саботата. Ноќта донесе и извонредни индивиду

Пронајдете не на следниве мрежи: