Руската екстремна спортска ѕвезда Валери Розов (48) полетал од северната страна на Еверест. Станува збор за највисокиот скок кои досега го извел од 7.220 метри надморска височина.
Русинот, зад себе има многу насловни страници благодарение на своите скокови. Во 2009 скокнал во активен вулкан на Далечниот исток, во 2010 скокал на Антартикот, а во 2013 на Хималаите.
Повеќе од две години се подготвувал за овој скок. По многуте подготовки тој ја одредил висината на 7.220 метри, а му биле потребни четири дена за да се качи до локацијата на скокот.
Во точно 14: 30 минути, по локално време, скокнал и покрај променливите временски услови. Температурата се движела до -18 степени. Притоа, летал околу една минута со брзина од 200 km/h, по должината на северната страна на Еверест. Безбедно слетал на висина од 5.950 метри.
-Дури кога дојдов дома, увидов колку ова за мене беше напорно, како физички така и психички- изјавил Русинот.
Руската екстремна спортска ѕвезда Валери Розов (48) полетал од северната страна на Еверест. Станува збор за највисокио