„Спиев со бившиот после раскинувањето- уште полни две години!“

Можеби  потрошив време на однос кој  не води никаде, но  дефинитивно  научив некои работи- она што го сакам, колку можам да сакам и да препознаам врска без иднина!Во модерно доба љубовните односи  ги изгубија своите традиционални „калапи“ па се повеќе пријателства со бенефиции и  збунувачки односи, но не треба да судиме ничија приказна туку да се трудиме да ја разбереме, а токму за тоа пишува Лидси Тигар.
„Мојот поранешен партнер и јас раскинавме на еден  од оние супер драматични начини од фаталните љубовни филмови. Кратка содржина- не можеше да ми го пружи она што емоционално ми беше потребно, а иако веројатно го   сакав повеќе од сите свои партнери заедно, знаев дека согласувањето на таква половична врска со него би ме уништило.
Така, откако му ги вратив клучевите од неговиот стан додека во кафуле пееше тажна љубовна балада, излегов на дождот, фатив такси и ја исплакав својата душа. Недела дена потоа, ми  шепкаше на уво дека ме сака додека го  доживував вториот оргазам.
Претпоставував дека нашиот секс по раскинувањето ми  беше потребен и  мене и нему за да го  запечатиме крајот кој стана толку негативен што  просто не можеше да потрае, но- се измамив. За време на следните две години, продолжив да се сексам со него со повремени прекини.
Во мојот стан. Во  неговиот стан. Кај неговите родители. На столбот од мојата зграда. Во неговиот автомобил. После некој  ужасен состанок со  досаден тип. На Валентајн. Под туш, на мојот роденден откако  спиев со некој  друг…
Повеќе се сексавме во тие две години додека не бевме официјално заедно, отколку што  го правевме тоа во врска. Можеби звучи глупаво, но  не жалам за ниту една од тие „средби“. Во тие две години научив неверојатно многу работи за љубовта, сексот, себе, односите и она што е најважно-  како  конечно  некого  да пуштите од себе.
1.Подобро со него отколку со повеќе други
Мојот поранешен и јас немавме проблеми во спалната соба. Ако било што  друго, тоа беше единственото место на кое функциониравме добро. Лесно можевме да се префрлиме од нежности  и интимности на вистинска страст. Сексот со него после некој  лош состанок  додека очајнички сакав да ја потпрам главата  на рамото на мажот кој ми  пружа утеха- го барав него, а не некој непознат тип кој би го собрала од улица, а веројатно би се чувствувала уште полошо.

 
2. Со него  го потврдив она што навистина го сакам
Откако јас и мојот поранешен ќе имавме секс, се обидувавме да се дружиме но тоа секогаш завршуваше  со препукување околу една  иста работа околу која секогаш се каравме. Мојот однос со него го потврди она во што секогаш се сомневав и поради што раскинавме: Мене ми треба добар сексуален живот и добра комуникација со  некој кој ќе ми  биде иден сопруг.
3.Поради  него се уште ги ценам своите пријатели
Откако  само  ќе исчезнев среде вечера или  не се јавував на телефон во недела попладне, моите пријатели знаеа со што се занимавам, односно со кого. Иако  на тоа понекогаш ги превртуваа очите, беа покрај мене. Секој пат додека плачев или ги исфрлав своите фрустрации, мирно и  трпеливо  ми  велеа дека заслужувам подобро и ме охрабруваа да ставам крај на се.
4. Поради него сум поблага кон себе
Морам да бидам сигурна кон себе- спиењето со поранешниот и не е баш најдобра идеа. Знаев дека се согласувам на премалку и  допуштив таа навика да ми управува со  љубовниот живот. Но тогаш ми се чинеше дека токму тоа и  ми требаше. Знаев дека тоа е лоша одлука, но допуштањето  себе си да грешам ме научи како  да бидам поблага кон себе и да не барам нешто драстично- бидејќи  тоа и не е секогаш најдобра идеја.
Не би  ги советувала другите да спијат со поранешните партнери толку долго како  мене, но  не е во ред ниту  да се осудуваат  доколку повремено потклекнат пред предизвикот. Доколку си  го  допуштите со тоа што правите нешто лошо може да ве научи на многу работи и да ви помогне да закрепнете на вистинскиот начин. И запомнете го ова- што и да е или кој и  да е следен, ќе бидете дефинитивно силни и умни. Затоа што понекогаш е потребно  да згрешите и повторно одново да научите да го цените она што  навистина е вредно.Во модерно доба љубовните односи  ги изгубија своите традиционални „калапи“ па се повеќе пријателства со бенефиции и  збунува

Пронајдете не на следниве мрежи: