Спомени: Грчкиот терор против Власите во Епир и во Македонија

Loading...

Во македонската јавност е малку познато дека големо–грчкиот национал–шовинизам во поблиската историја не бил насочен само кон етничките Македонци, туку и кон другите народи кои се нашле под удар на нивната пропаганда. Во продолжение ќе пренесеме податоци од книгата „Дневникот на Арматолот“. Всушност се работи за дневник на влашкиот револуционер и национален деец арматолот Кола Нича, којшто бил запишан од страна на поетот Кола Каратана.
Ова пред се`, се однесува на припадниците на влашкиот народ, кои исто како и Македонците биле жестоко тероризирани од страна на грчките шовинисти уште во времето на Отоманската Држава, а секако и потоа – во времето кога значаен дел од Власите кои живееле во Епир и во Македонија, се нашле во границите на Грција.
Кола Нича (познат и како Коле) е македонски револуционер од влашко потекло. Војвода на ВМРО, родум од градот Бер, Беломорска Македонија. Учествува во Илинденското востание, а потоа со своја чета се бори против грчката вооружена кампања во Македонија.
Спомените на Коле Нича се издадени од романскиот поет Кола Каратана. На македонски јазик ги издава Димо Наун Димчев, под наслов „Дневникот на Арматолот“.

За грчкиот терор против Власите во минатото постојат автентични сведоштва, од кои, некои се преведени и на македонски, па сметаме дека нашата (но и меѓународната јавност) треба што повеќе да биде запозната со овие податоци.
Во оваа прилика искажувам благодарност до влашкиот национален деец Димо Наун Димчев, кој преведе некои од овие дела на македонски и истите ми ги стави на располагање.
Во овие записи е опфатен периодот од 1902 до 1907 година, а тоа е токму времето на засилената дејност на грчките андартски чети во Македонија.
Во продолжение ќе наведеме извадоци од оваа интересна книга со кратки коментари. На стр. 5 од „Дневникот“ авторот Кола Нича дава осврт за состојбата на Власите (Ароманците) во Македонија и воопшто на Балканот од почетокот на 20 век. Овде читаме:
„Ароманците ја имаа најтешката состојба. На толку пати и во толкуте векови тие ја загубија врската со дако-романизмот. Нивната национална свест беше отрпната. Чувството дека не се Грци провеваше само во потсвеста. Насекаде, надвор од границите на Македонија, тие беа сметани за Грци… Само тие кои во емиграција се настануваа на романски територии или во соседство со Романците, си го пронаоѓаа повикот на крвта… И така од нивните редови или од редовите на нивните потомци ќе произлезат некои фигури кои ги осветлија романската историја и култура.“
На стр. 6, авторот уште во тоа време (последните години од владеењето на Отоманската империја со поголем дел од Балканот) согледал дека Грците биле противници на идејата за создавање независна македонска држава, поради што почнале со тероризирање на локалното негрчко (ароманско) население:
„Грците поради тоа што беа малцинство во Македонија немаа за цел создавање на македонска држава. Создавањето на една таква држава би ѝ нанел удар на таа т.н. Мегали идеја, која имаше за цел обнова на Визатинското царство под грчко туторство. Грците беа принудени најпрво да ги погрчат хетерофоните народи.

 
Така во 1903 година грчки андартски банди организирани на територијата на Грција, под командата на офицери на регуларната војска, ја поминаа границата во согласност со турските власти и почнаа да ги напаѓаат ароманските села кои не негуваа грчки чувства.
Андарстките водачи почнаа преку писма да им се закануваат на челниците на ароманските села кои го поддржуваа работењето на романските училишта и на црквите, а дотичното село било напаѓано и уништувано. Вистина е, поголемиот дел од ароманското население одби да капитулира.“
Во продолжение читаме за организираниот отпор што Ароманците го пружиле против големогрчките активности: „Ароманците верни на националната идеја почнаа да се спротивставуваат на тие напади на андартите, организирајќи се од своја страна во арматолски чети (…).

Летото 1904 една андартска банда на чело со офицерите Савас и Теодосис убија двајца Власи, Челеа и Туџару, двајцата од Граматикова, Овие им се закнуваа на луѓето од Граматикова дека доколку не го затворат романското училиште и црквата, ќе го запалат селото“. (Исто, стр. 7 и 8)
Потоа читаме дека во одбрана на селото дошле ароманските чети и во воору..Потоа читаме дека во одбрана на селото дошле ароманските чети и во вооружениот судир со андартите, биле убиени 11 Грци. На неколку места во книгата читаме дека влашките и македонските чети заедно дејствувале против грчките чети и турската војска. Потоа читаме за нападите на грчките андарти врз влашките села Граматикова и Патичина, кои биле одбиени заради успешно организираната одбрана, по што Грците го запалиле влашкото село Горна Сеља (Исто, стр. 11).
Во продолжение читаме дека една грчка чета паднала во заседа поставена од влашка чета при што бил заробен лично андартскиот водач Телос Аргас, кој во тоа време бил главен командант на андартските сили во Турција. Во Дневникот на Кола Нича пишува дека на андартскиот водач Аргас, од страна на влашката чета му било организирано судење, од кое се пренесени делови. Од изјавите на Аргас за време на ова судење се гледаат и плановите на грчката кауза во врска со Македонија на почетокот од 20 век, т.е. неколку години пред почетокот на Балканските војни. На прашањето од влашкиот водач Мучитани (кој на ова судење бил во улогата на иследник) со каква цел андартите се дојдени во Македонија и кој ги ангажирал, Телос Аргас одговорил:

 
„Панхеленикос Силогос е организација од иредентистички карактер со седиште во Атина. Таа се занимава со образување на андартски кадри, борци за насилно погрчување на негркофонското население во Македонија. Како офицер, воспитуиван во духот на една Голема Грција, сакав да учествувам во оваа организација и се вклучив како доброволец… Грчкиот елемент е во загрижувачко малцинство… При едно евентуално паѓање на отоманското царство, не би можеле да ја присвоиме Македонија се додека сме во малцинство. Големите сили нема да ни ја дозволат таа работа и покрај сите нивни симпатии кон нас.“
Потоа продолжил да зборува за нивната цел да го погрчат целото негрчко население во Македонија, на што влашкиот водач Мучитани му одговорил:

„Не верувам дека ќе успеете. Во градите на овие народи се разбуди националното чувство. Тие се борат за автономија на Македонија во која сите националности ќе живеат заедно… Автономијата претставува единствено праведно решение. Само Грците, кои се шовинисти, арогантни снобови, дури и утописти, се спротивставуваат. Лишени од кавалеризам. Зимата 1906 – 1907 година, кај Ениџевардарското Езеро, додека не напаѓаа Турците, не напаѓавте и вие, разбојнички од зад грб.“
На ова Аргас одговорил:„Така е. Ние сакаме да уништиме се што не е грчко и не негува грчки чувства, како што сте вие, на пример, Ароманците“.Потоа почнал да го велича грцизмот, по што се развила историска полемика во која Мучитани рекол:
„Националната свест почна да се формира. Многу не има и нема да успеете сите да не убиете. Ние сакаме да го отфрлиме турскиот јарем и да формираме една многунационална држава во која и самиот грчки народ ќе зема учество. Вие доаѓате од Крит, од територија која е потчинета од Турците и наместо да се борите за ослободување на вашата татковина, сакате да ни наметнете еден нов грчки јарем. Со кое право? Кога некогаш Македонија и припаѓала на Грција? Напротив. Македонија била освојувач на Грција… Ние (Власите, з.м.) се сметаме за наследници на Трачаните помешани со Римјаните… Инаку и самите денешни Грци имат многу малку заедничко со старите Грци. Во поголемиот дел тие се погрчени Ароманци, Словени и Албанци…“
Потоа на Аргас му била прочитана пресудата и во неа било посочено на сите убиства врз Власи и уништување на нивниот имот за кои тој бил одговорен. Овде читаме:
„… Во Албанија, Епир и Тесалија беа убиени толку Ароманци затоа што се спротивставија на политиката на погрчување. Беа посочени како примери убиствата во Самарина, Периволи, Авдела, Јанина, Катерина и други…
На челникот Хаџигогу најпрво му убија осум овчари. Кога видоа дека челникот не ги повлече децата од романското училиште, една година подоцна, му убија други петмина овчари, му масакрираа три илјади овци, а ергелата му ја однесоа во Грција. На челникот Мушу Каприни му масакрираа 1500 овци и кози. На челникот Туша Букувала му масакритраа 2000 овци и кози.
На челникот Стерју Дума од селото Ливади му масакрираа 1000 овци. Им ги запалија куќите на ароманските водачи во селата Долна Сеља и Ксироливади, како и романските училишта од истите села. Во селото Хума, Мегленија, убија десет ученици од романското училиште, додека се наоѓаа на излет во полето, со учителот.
Ги запалија селата Граматикова и Горна Сеља. Ги убија ароманските свештеници Папатанасе, Ѓ. Репшидони, Папанаце и Баламачи.“Зарaди сето ова, Телос Аргас и еден од неговите придружници биле осудени на смрт и по неколку дена погубени. Нивните тела биле оставени крај некој главен пат за да бидат видени од што поголем број патници, т.е. за да не може грчката пропаганда да лаже дека заминале во Грција.
Во продолжение на „Дневникот“ на Кола Нича, опишани се низа судири помеѓу влашките и грчките чети во кои имало загинато на обете страни. Спомнати се и друг вид саботажи што ги правеле грчките шовинисти против Власите. Така, на пример, на стр. 21, читаме за еден бизарен настан:

 
„Од Солун беа испратени неколку сандаци со романски книги за училиштата до масивот Пинд. Испратени по пошта, сандаците беа придружувани од еден турски војник. Во Кожани, кога војникот заспал, Грците ги извадија книгите и сандаците ги наполнија со измет. Дури кога стасаа на одредницата се откри нивната содржина. (Исто, стр 21).
Од напади и убиства не биле поштедени дури ни работниците Ароманци кои работеле во Романија:
„Еден Ароманец од Авдела се враќаше дома од Романија каде бил на работа. Андартите го стрелаа во самиот центар на Кожани.“
Во продолжение авторот на „Дневникот“ нуди интересни податоци за средбата помеѓу Кола Нича со водачот на Илинденското востание Борис Сарафов (кој неправедно беше опцрнуван од страна на македонската комунистичка историографија, само затоа што не бил „левичар“, иако давал изјави со чиста македонска национална содржина). И во овие сведоштва јасно се гледа дека Сарафов ги сметал за непријатели сите оние кои се залагале за присоединување на Македонија кон Бугарија.

Најнапред во врска со самата средба со Сарафов, Кола Нича (преку записот од Кола Каратана) констатира:
„Сарафов покажа задоволство од остварената активност меѓу комитите и арматолите.“ (Исто, стр. 26).
Потоа Сарафов им рекол на влашките водачи:
„Грците ги убиваат Ароманците затоа што не сакаат да станат Грци, за да си создадат, потоа, од териториите кои не им припаѓаат ниту историски ниту етнографски, една Голема Грција. Ние го убиваме, независно од националноста, секој кој ја предава македонската кауза. На пример, Таќев го убивме додека беше премиер на Бугарија затоа што се изјасни за припојување на Македонија кон бугарската држава.“Во врска со крајот на Борис Сарафов, авторот на „Дневникот“, заклучува:
„Штом се врати во Бугарија, по некоклку месеци, Сарафов беше убиен, исто така токму во својата сопствена куќа од војводата Паница, кој во меѓувреме си го промени мислењето и се бореше за припојување на Македонија кон бугарската држава“. (Исто, стр. 26).
И овде гледаме еден дијаметрално спротивен став во однос на она што го презентираше македонската историографија за време на едноумието. Имено, во тоа време се тврдеше дека Сарафов бил „врховист“ и „борец за припојување на Македонија кон Бугарија“, па затоа бил убиен од страна на Бугаринот Тодор Паница (кој, пак, бил на „македонска страна“). Но, по се изгледа дека било токму спротивното – Борис Сарафов, како еден од најголемите револуционери во Македонија, кој сосема јасно тврдел дека Македонците не се ни Бугари, ни Грци, ни Срби, туку посебен народ, кој бил своевиден идол и на Крсте Петков Мисирков (кој во суперлативи пишува за националната дејност на Борис Сарафов) и кој за цело време се залагал за самостојна Македонија, всушност бил на „македонска страна“, додека Паница (иако отпрвин ги поддржувал Македонците) подоцна се свртел кон интересите на својата родна Бугарија, за што постојат и други подоцнежни сведоштва. Крајно време е македонската држава да му се оддолжи на неправедно запоставениот и заборавен водач на Илинденското востание Борис Сарафов, но за тоа во некоја друга прилика.
Пишувајќи за влашките чети на Милиору и Марами, во „Дневникот“ на Кола Нича, читаме:„Извесно време овие чети преминаа во Тесалија на грчка територија се до близината на пристаништето Волу. Имаа повеќе судири со грчката војска, дури се вратија во Пинд. Исто така и четата на Милиору имаше повеќе борби со андартите“.
Потоа читаме за дејноста на македонскиот предавник и гркоман Коте од Руља, за кого во „Дневникот“ пишува дека бил потплатен од грчкиот епископ од Костур Фотиос за да работи за грчката кауза. Но, иако Коте (кој во меѓувреме се преименувал во „Капетан Котас“) вложил голем труд, не успеал во своите обиди за грцизација на населението, па договорената сума не му била исплатена од страна на грчкиот епископ. Коте му испратил заканувачко писмо на епископот, а овој им го кажал на Турците засолништето на Коте, по што бил фатен од турската власт, осуден на смрт и убиен. За да го прикријат предавството на својот платеник (кого прво го ангажирале, а потоа самите го предале) Грците му организирале на Коте свечен погреб. (Исто, стр. 27).
Во продолжение читаме дека водачите на андартското движење во Македонија и јужна Албанија Павлос Мелас и Каравангелис биле убиени токму од страна на четата на Митре Влавот, поради што костурскиот владика Фотиос наредил убиство на неколкумина влашки водачи од селото Плеаса. Истиот овој владика го наредил и масакрот во македонското село Загоричани, кога биле убиени сите мажи што биле затечени во селото затоа што претходно не сакале да се приклучат кон Грчката црква. Но, потоа влашката чета на Кочикона и Насту организирала атентат против овој грчки владика во којшто тој бил ликвидиран.Во продолжение ќе пренесеме податоци од книгата „Дневникот на Арматолот“. Всушност се работи за дневник на влашкиот револуционер и наци

loading...