Обама планира воздушен напад против Сирија, откако се појавија вести за наводниот напад со хемиско оружје на Сирија во близина на Дамаск. Американскиот весник Њујорк тајмс смета дека Вашингтон ќе го употреби косовското сценарио во Сирија, по примерот на бомбардирањето на Србија.
Паралелите кои тимот на Обама ги гледа се во тоа што, како и на Косово, цивили биле загрозени, а Србија, како и Сирија денес, ја имаше поддршката на Русија, поради што сад мораа да нападнат без согласност на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Медиумските тврдења се совпаднаа и со изјавата на американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл, кој призна дека Вашингтон веќе распоредува морски сили во близината на Сирија, со цел да му даде можност на претседателот да ја употреби и воената опција, доколку донесе таква одлука.Американскиот весник Њујорк тајмс смета дека Вашингтон ќе го употреби косовското сценарио во Сирија, по примерот на бомбардирањето на Србија.