Полицијата во американскиот град Атланта информираше дека инцидентот во вторникот во кој 20 годишно момче вооружено со пушка се обиде да влезе во училниците на едно основно училиште, можел да се претвори во нов училишен масакр како трагедијата во градот Њутаун.Имено, душевно болен човек вооружен со пушка која личела на автоматот калашњиков, дошол во основното училиште Роналд Мекнер во предградие на Атланта и се обидел да влезе во училниците.
Антоанет Таф, службеничка во училиштето, успеала да повика полиција и низ разговор да го убеди човекот да се предаде, откако испукал неколку куршуми кон полицијата и внатре во училиштето.
Мајкл Хил (20), со себе понел поголем број шаржери и почнал да ги полни со куршуми пред стаписаната службеничка во училиштето во кое имало неколку стотици деца.
Полицијата подоцна изброила околу 500 куршуми. Тој рекол дека се чувствува безнадежно и дека престанал да ги пие лекарствата за неговата душевна болест.
За време на инцидентот, кој траел околу 25 минути, службеничката се обидувала да го смири Хил, и на крајот го убедила да го положи оружјето и да чека полицијата да влезе и да го уапси без инцидент.Имено, душевно болен човек вооружен со пушка која личела на автоматот калашњиков, дошол во основното училиште Роналд М