Србија ги намалува платите и пензиите за 8 отсто

Србија ги намалува платите во администрацијата и пензиите за осум проценти. Ова е една од мерките со која Владата во Белград планира да ја стабилизра економијата и да го намали галопирачкиот долг.Официјалниот план треба да биде објавен до крајот на неделата, но економистите сметаат дека најавеното кастерење е мало и нема да помогне за консолидација на буџетот. Најголем број од нив ја повикуваат Владата да го зголеми Данокот на додадена врендост на нивото како во Хрватска и Унгарија или до 25%
Србија, според тамошните експерти се ближи до банкрот и дека само прашање на време е кога меѓународната заедница ќе соопшти дека земјата не ги исполнува своите обврски и има дефицит  од близу 10 проценти.
Српското Министерство за финансии објави дека јавниот долг на Србија во февруари оваа година е зголемен за 178 милиони евра и достигнал околу 20,4 милијарди евра или 62,9 отсто БДП иако според Законот за буџетски систем учеството на јавниот долг на Србија во БДП е ограничено на 45 отсто.
Паралелно со растот на долгот, се намалува БДП. Народната Банка на Србија во август процени дека економијата во  2014 година ќе забележи пад од 0,5%, а во 2015 година ќе стагнира.
И податоците за растот на економијата во еврозоната се поразителни. Економскиот раст во вториот квартал стагнирал, а во рамки на Европската унија забележан е пад од 0,2%.  
Експертите предупредуваат дека ова се првите знаци кои укажуваат дека заради случувањата во Украина, Европа е исправена пред нова трета по ред, рецесија во последните 6 години.
ММФ бара намалување на платите и пензиите за 10 отсто
Меѓунардониот монетарен фонд бара од Владата на Србија да ги намали средствата наменети за пензии и за плати на вработените во јавниот сектор за 10 проценти, објави во денешниот број белградскиот весник „Блиц“.
Извор во српската Влада за весникот вели дека ММФ не го интересира за колку ќе бидат намалени платите и пензиите, туку само бара смалување на вкупната маса на средствата предвидени за таа намена.  
Весникот наведува и дека Фондот бара смалување на јавниот долг на Србија во следните три години, како и воведување на мерки на штедење, имајќи предвид дека во изминативе години Белград троши 15 до 20 отсто повеќе средства отколку што прибира.
ММФ не инсистира на ниту една конкретна мерка, но наведува дека не гледа начин за избегнување на криза со јавниот долг во следните три години, доколку државата продолжи да троши 11 отсто од вкупните буџетски средства за плати во државниот сектор и 14 проценти за пензии, наведува соговорникот на „Блиц“.

Eксперти: Во Македонија платите и пензиите нема да се кратат, Владата да биде внимателна и будна
Српско сценарио со кратење плати и пензии во Македонија нема да се случи, затоа што буџетот е во добра кондиција. Благодарение на еврообрзницата вредна 500 милиони евра, нивото на девизните резерви достигна до 2,5 милијарди евра.
Експертите што ги консултираше економски.мк велат дека во вакви околности и покрај сериозните ризици од најновата еврокриза, сите проекти во Македонија ќе се реализираат, но можеби со забавено темпо.
Тие не очекуваат намалување на платите и пензиите во земјава, но сметаат дека Владата треба да направи добра и сериозна анализа пред да се реши да го спроведе најавуваното зголемувањето на примањата на административците и пензионерите, затоа што во моментов земјава треба будно да ги следи состојбите во надворешното опркужување и да се подготвува за спречување на евентуалните последици од новата криза.Официјалниот план треба да биде објавен до крајот на неделата, но економистите сметаат дека најавеното кастерење е мало и нема да помогне за консол

Пронајдете не на следниве мрежи: