Ракометарките од ООУ „ Димо Хаџи Димов“ – општина Карпош, го освоија второто место на Државното првенство во ракомет за девојчиња, кое се одржа овој викенд во спортската сала „Јордан Пиперката“ во Демир Хисар. Во саботното финале во кое доминираше резултатската неизвесност, карпошанки за малку не успеаја да излезат од спортскиот заплет во своја полза. Во финишот, основките од Куманово славеа со резултат од 15:10.Љубителите на ракометот во Демир Хисар, присуствуваа на возбудливиот спортски викенд во чии рамки над 100 основки од Скопје, Струга, Делчево, Куманово и Битола, ги демонстрираа своите мали ракометни „волшебства“. Оваа спортска манифестација меѓу другото, помина и во знакот на добрата организација од страна на Федерацијата на училишни спортови на Република Македонија.
Патот до врвот за ракометарките од ООУ „ Димо Хаџи Димов“ беше особено тежок. Во својот „поход“ кон финалето, младите спортски надежи, попатно ги совладаа своите ракометни ривалки од Струга и Битола, кои важат за „центри на македонскиот ракомет“. Карпошанки го донесоа среброто во домашните спортски витрини, оставајќи ги воздишките и победничките извици, трајно да одекнуваат во спортската сала во Демир Хисар.Љубителите на ракометот во Демир Хисар, присуствуваа на возбудливиот спортски викенд во чии рамки над 100 основки од Скопје, Струга, Делч