Средба Груевски- Пирс: Изборот на претседател на Собранието треба да е во согласност со Уставот, Законите и Деловникот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров, Владимир Ѓорчев, Антонијо Милошоски и Христијан Мицковски остварија средба со Карен Пирс, политички директор во Министерството за Надворешни работи на Велика Британија.Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека покрај физичкото насилство кое не е прифатливо, политичкото насилство кое го промовира СДС е исто така неприфатливо преку незаконскиот избор на Талат Џафери, целосно кршејќи го Уставот и законите. Таквиот преседан, каде без записник, без пребројување, официјална најава и надвор од пропишаното време на работа на институцијата, на сила се обидува да се одбере претседател, преставува грубо рушење на правниот систем на државата. Изборот на претседател на Собранието треба да е во согласност со Уставот, Законите и Деловникот, информираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ, се додава во партиското соопштение, беше посочена опасноста таквиот преседан да води кон друг нов преседан, и тоа да стане вообичаена пракса, на непочитување на законите и правните прописи врз кој се засноваат самите институции.
-ВМРО-ДПМНЕ во собранието за време на расправата ги користеше сите законски и легални средства за парламентарна дебата каде низ демократски процес се дебатираше за суштинските прашања. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше реафирмиран ставот дека е недозволиво прифаќањето на Тиранската платформа направена во друга држава што е вовед во нарушување на унитарниот карактер на државата, стои во соопштението.Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека покрај физичкото насилство кое не е прифатливо, политичкото насилство кое го промовира СДС е исто така н

Пронајдете не на следниве мрежи: