Средба Иванов- Бечвар!

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими генерал Јозеф Бечвар, началник на Вооружените сили на Чешката Република, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.Кабинетот на претседателот соопшти дека на средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, при што било изразено задоволство од одржувањето на дијалогот на високо ниво во сите сфери од заемен интерес, за што потврда е минатонеделната официјална посета на претседателот на Чешката република, Милош Земан на Република Македонија.
Претседателот Иванов го истакнал значењето на поддршката што Чешката Република го дава за евроатланските интеграции на Република Македонија и изразил очекување дека таа ќе продолжи и во наредниот период.
-Очекуваме конструктивна поддршка во претстојниот период и отворено лобирање од Чешка во рамките на НАТО за што поскоро ефектуирање на поканата за членство на Република Македонија во Алијансата“, рекол претседателот Иванов на средбата.
Двајцата соговорници се согласиле дека од заеднички интерес е и интензивирањето на соработката меѓу двете армии, преку воспоставување на поголема динамика во областа на одбраната.Кабинетот на претседателот соопшти дека на средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, при што било изразено

Пронајдете не на следниве мрежи: