четврток, 12 ноември 2026
Најново

Српските кошаркари понижени и паднати на колена пред МАКЕДОНСКИТЕ ЛАВОВИ!!!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонската кошаркарска репрезентација ја понижи селекцијата на Српската селекција со цели 14 коша разлика.Славевме голема и убедлива победа против силната и квалитетна селекција на Србија со резултат 89-75.
Првата четвртина ја добивме со фантастичен резултат, па тука го направивме и најважниот скор на целиот меч, резултатот при првата четвртина гласеше 29-17. Во втората четвртина повторно бевме супериорни, резултатот гласеше 19-15 во наша корист, па на полувремето се замина со резултат 48-32.
Во второто полувреме, уште на стартот уште една фантастична предност, третата четвртина ни припадна со цели 9 коша разлика, односно во резултат 22-13. Последната и финална, дојде до мало опуштање, па последната и конечна четвртина ја загубивме со резултат 19-30, но сето тоа не влијаеше врз конечниот епилог на мечот на резултатски план, па победивме со конечни 89-75.
Во нашиот табор Меккејлеб беше најефикасен со постигнати 27 коша, по него беа Илиевски и Антиќ со по 16 коша. Во противничкиот табор Анџусиќ беше најефикасен со 19 коша.
Следниот натпревар нашата селекција го игра против БиХ во недела со почеток од 14,30 часот.
Фото: архиваСлавевме голема и убедлива победа против силната и квалитетна селекција на Србија со резултат 89-75.

Поврзани вести