„Српско маало“ ќе блесне во нов сјај

„Српското маало“, кое е во строгото централно подрачје позади „Малага“ и „Просветно дело“, ќе блесне во нов сјај.Општина Центар, по „Индијанско маало“, ја започна реконструкцијата на уште еден парк во Градски ѕид, на површина од 7.000 метри квадратни. Во склоп на проектот е сместен мултифункционален урбан елемент на дрвена подлога, направена во пачворк стил.
Еден дел ќе биде за аудиторим и ќе има три маси за играње шах.
За најмладите се поставува ново современо детско игралиште, со безбедносна подлога од специјална гума. Ќе биде поставена и нова урбана опрема, како и тревен бусен на 500 метри квадратни. Ќе бидат насадени 150 високо родни дрвја, 4100 зимзелени и листопадни грмушки и зимски и летен расад.
Зимзелените и листопадните грмушки даваат цветови во различен период од годината.
За да се одржува зеленилото постојано, за првпат тука ќе биде поставен автоматски систем за полевање.Општина Центар, по „Индијанско маало“, ја започна реконструкцијата на уште еден парк во Градски ѕид, на површина од 7.000 метри квадрат

Пронајдете не на следниве мрежи: