Сталин 22 пати се обидел да го убие Тито, но безуспешно!

Сталин се обиде да го убие Тито 22 пати, а она што Броз му го порачал засекогаш го има замолчено! Најпознат е обидот за труење од страна на руските лекари кои биле пратени во СФРЈ, но атентаторите биле откриени во својата намера и му биле вратени на Сталин, но во мртовечки сандак.Можната потврда за овој атентат ја пронајде историчарот Љубодраг Димиќ, додека го составувал „Зборникот на документи за југословенско-советските односи 1945-1956“, кој беше објавен овие денови, а кој содржи 200 досега необјавени документи од руските архиви.
Многу приказни за можните атентати над Јосип Броз останале непотврдени, но според новооткриениот транскрипт од разговорот помеѓу Сталин и Титовиот втор човек Едвард Кардељ, Димиќ вели дека е можно да ја пронашол потврдата за „медицинскиот атентат“ над Тито.
Сомневањата за можен атентат ги изнесе генералот Милан Жежељ, а Миладин Адамовиќ го напишал тоа во својата книга „Стравовите на Броз“. Според тврдењата на Жежељ, во 1947 година, кога односите помеѓу Тито и Сталин веќе не биле сјајни, југословенскиот маршал се разболел од напад на слепо црево, по кој беше одлучено дека мора да оди на операција.
Иако тогаш цела една соба во резиденцијата на Тито беше преуредена во операциска сала со лекари и медицински персонал, одеднаш се појавиле руски специјалисти, со порака дека лично Сталин ги пратил да му помогнат на Тито.
Наводно, Тито ги примил за да не се налути рускиот лидер и за да не се заострат дополнително односите со Кремљ. Остана забележано и дека операцијата навистина ја извршија Русите, но дека на Тито потоа воопшто не му било добро, односно дека раната му била гнојна, па се претпоставувало дека медицинските инструменти биле „затруени“.
Соработниците на Тито заклучиле дека станува збор за атентат, бидејќи руските хирурзи се однесувале невообичаено. Според Жежељ, руските лекари се однесувале изгубено, многу пиеле и пушеле, биле нервозни и пијани се шетале по резиденцијата.
Жежељ веднаш повикал други лекари кои извршиле друга операција и здравјето на Тито се подобрило.
По низата низата безуспешни атентати, Тито му ја пратил оваа порака на Сталин:
– Друже Сталин, престани да ги праќаш твоите атентатори во Југославија со намера да ме убијат. Фативме веќе седуммина од твоите луѓе. Доколку не престанеш со тоа, ќе бидам принуден да пратам свој човек во Москва и ако го направам тоа, нема да има потреба да пратам друг“.
Тој документ се наоѓа во архивот на НКВД.
Јас му ги исклучив апаратите на Тито: Пееше на руски и сонуваше Кинези
Во сефот на Тиот се наоѓало богатството на Караѓорѓевиќ
Тито НИКОГАШ не се одвојувал од кожната торба: Еве зошто!Можната потврда за овој атентат ја пронајде историчарот Љубодраг Димиќ, додека го составувал „Зборникот на документи

Пронајдете не на следниве мрежи: