четврток, 12 ноември 2026
Најново

Стапката на невработеност во четвртиот квартал од 2016 година 23,1 процент

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Стапката на невработеност во четвртиот квартал од 2016 година изнесува 23,1 процент, а бројот на невработени во тој квартал изнесува 219.148 лица, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци стапката на невработеност во овој квартал во однос на претходниот месец е намалена за 0,3 проценти.Од вкупниот број невработени 60,3 проценти се мажи, а 39,7 проценти се жени. Според возраста најмногу невработени има од 15 до 24 години 47,3  отсто, од 25 до 49 години 22,3 проценти и од 50 до 64 години има 16,9 отсто невработени. Меѓу невработени 105.180 се со средно образование четврт степен, 19.868 со средно образование трет степен и со високо 44.509 лица.
Активното население во Македонија брои 950.255 лица од кои вработени се 731.107 лица. Најмногу од вработените се во преработувачката индустрија 137.351, земјоделството, шумарството и рибарството 121.068 и трговијата 109.065 лица.Од вкупниот број невработени 60,3 проценти се мажи, а 39,7 проценти се жени. Според возраста најмногу невработени има од 15 до 24 години 47,3 

Поврзани вести