Стапува на сила договорот за глобална трговија со оружје со кој се обезбедува контрола на трансферот на конвенционалните оружја и деловите за нив

Договорот од земјите кои го ратификуваа бара да создадат национални правила за контрола на трансферот на конвенционалните оружја и деловите за нив, а со него се уредува и дејноста на трговците на оружје.Документот забранува трансфер на конвенционални оружја, доколку со тоа се нарушува ембарго или ако се помагаат актови на геноцид, криминал против човештвото и воени злосторства, како и доколку би можеле да бидат употребени за напад врз цивили или цивилни згради, како училишта и болници.
Договорот денеска стапи во сила, а овој важен настан беше поздравен од Обединетите нации и активистите, кои се борат за стопирање на продажбата на оружје на диктатори, терористи и прекршувачите на човековите права. 
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун вчера изјавил дека брзото стапување во сила на Меѓународниот договор за трговија со оружје, помалку од две години по неговото историско усвојување во Генералното собрание на ОН, е одраз на заложбите на државите, меѓународните организации и цивилното општество да се спречи неодговорниот трансфер на оружје. 
Досега 60 земји го ратификуваа договор, вклучувајќи пет од десетте водечки извезувачи на оружје во светот, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија. Уште 129 земји го потпишаа, но не го ратификувале, а меѓу нив се и САД, најголемиот производител и извезувач на оружје во светот.Документот забранува трансфер на конвенционални оружја, доколку со тоа се нарушува ембарго или ако се помагаат актови на геноцид, криминал против ч

Пронајдете не на следниве мрежи: