Старите тетовчани раскажуваат: Како градот Тетово го добил своето име?!

Сте се запрашале ли некогаш која е легендата за настанувањето на името на градот Тетово? – Сега ја имате вистинската можност да дознаете!
Легендата гласи вака:Од Тетово, час и половина далеку, има едно место на патот кон Скопје со два ниски рида. Помеѓу овие два рида некое време имало една страшна змија: ем голема, ем многу лута.
Таа им правела гола штета на патниците што минувале во правец кон Скопје и во правец кон Тетово. Старите тетовчани раскажуваат за змијата и за бестрашниот јунак Тето.
Еден ден на Тето му излегла некоја многу важна работа што требало  да ја заврши во некое село. Тој знаејки за страшната змија, се наоружал до заби и тргнал на пат кон Тетово.
Тој дошол до два рида, змијата му излегла пред него и му го пресекла патот. Тето  веднаш силно ја затегнал стрелата и почнал да стрела во змијата.

Дури имал стрели фрлал. Но откако му завршиле стрелите , го зел мечот во десната рака, а во левата држел штит (калкан) и се спуштил на земјата да ја убие. Со стрелите не успеал да ја убие змијата. Се доближил поблиску до неа, а таа, побеснала од добиените рани од стрелите, со голема сила се фрлила врз него и му ја ранила раката. Но, јунакот со мечот ја начекал змијата и ја прободел право во срцето. Така Тето успеал да ја убие страшната змија и да го ослободи патот од неа. Од тој ден патниците мирно и слободно си поминувале по патот.
Тето откако ја убил змијата отишол на местото каде што денес се наоѓа градот Тетово. Тој таму се населил прв и од неговото име Тето, новонаселеното место го нарекол Тетово. На местото пак каде што ја убил змијата му го дал името Калкадели, што значи: со влезот на калкнот ја убил змијата.Од Тетово, час и половина далеку, има едно место на патот кон Скопје со два ниски рида. Помеѓу овие два рида некое време имало една страшна змија:

Пронајдете не на следниве мрежи: