Старомодно, но секси: Погледнете како изгледаат овие девојки во ретро костими за капење

Минијатурните бикини добро им прилегаат на светските ѕвезди, кои по правило имаат совршени тела. Сепак некои од нив со задоволство се одлучуваат за модерни ретро модели, кои откриваат помалку но се многу секси.
Тејлор Свифт инаку негува ретро  стил, па не е изненадување што се придржува кон тоа и на плажа. Нејзиниот црвен костим за капење со бели точки совршено се вклопил со ретро торбичката и црвениот кармин.

Тенисерката Серена Вилијамс има поголеми облини, со кои совршено се вклопува ваков костим за капење со длабок долен дел.

 

Дека ваквите модели не се само за жени со облини покажува и Бела Торн, која исто така се одлучила за костим со длабок долен дел. Тааа секако нема што да сокрие, но сака да ја следи модата.

Ријана е голем љубител на пин-ап костимите за капење. Таа ги запали социјалните мрежи со фотографии со вакви костими за капење, што покажува дека минијатурното бикини не е секогаш посексапилно од ретро моделот.

Ниту пејачката Ашанти не му одолеа на овој  тренд.  Таа одбрала модел сличен на оној на Серена Вилијамс и одлично и прилега. 

Кели Брук своите занесни облини со задоволство ги истакнува , па овој пат се одлучила за модел со силен дезен и карнери, по угледот на старите модели.
Тејлор Свифт инаку негува ретро  сти

Пронајдете не на следниве мрежи: