Ставрески светла точка на македонската економија

Loading...

Историски највисоки стапки на раст од 5% до 6% се остварија во Македонија пред кризата. Земјава успешно се справи со најголемата економска криза во светот со позитивни стапки на раст на економијата од околку 3 проценти во 2010, 2011 и во 2013 година и минимлани негативни стапки на раст во 2009 и 2012. Со овие резултати Македонија е трета најдобра во Европа според просечната стапка на економски раст во текот на кризниот период. За ваквите резултати кои придонесоа раст на економијата, вработувања и создавање на добра бизнис клима, најголем придонес има ангажманот на досегашниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески, кој го предводеше креирањето на здравите макроекономски и финансиски политики во земјата.Ова се дел од успесите и резултатите во екномијата кои се постигаа додека вицепремиер и министер за финансии е Зоран Ставрески, анализира ЛИДЕР.Четврти највисок економски раст во Европа во 2014 година.И покрај тоа што голем број земји во ЕУ имаат минимален позитивен раст, а дел од нив сѐ уште се во рецесија, македонската економија во 2014 година оствари раст на бруто-домашниот производ од 3,5%, што претставува четврти најдобар резултат во Европа (по Луксембург, Ирска и Унгарија) и најдобар во регионот на Југоисточна Европа.
Во 2015 година продолжи трендот на раст на економијата, при што бруто-домашниот производ забележа раст од 3,7%.Ова е едно од најдобрите остварувања во Европа (шести најдобар резултат) и покрај предиз-виците со кои беше соочена домашната економија (политички опструкции, бегалска криза, геополитички предизвици). Согласно со проекциите на меѓународните финансиски институции се очекува Македонија во2016 и 2017 година да оствари највисоки стапки на раст споредено со земјите од регионот.
Во периодот 2007-2015 година просечната стапка на раст на БДП изнесува 3,0%, што е четврто најдобро остварување споредено со земјите-членки на ЕУ и земјите од регионот. Само Полска, Словачка и Турција имаат подобар просечен раст за овој период. Овие остварувања се постигнати во услови кога просечниот раст во ЕУ, како наш најзначаен трговски партнер изнесува 0,7%, а во еврозоната 0,5%, за овој период.
БДП по жител како основен индикатор за степенот на развој на економијата се зголеми од 2.471 евра во 2005 на 4.392 евра во 2015 година што e пораст за 78%.

Се намали невработеноста на историско најниско ниво од осамостојувањето до сега. Се реализираа повеќе од 150.000 нови работни места со кои Македонија дојде на рекордно ниско ниво на невработеност од 24,5%. За период од 10 години се привлекоа странски директни инвестиции во вредност од 2, 6 милијарди евра, двојно повеќе од сите влади на СДСМ. За прв пат во Македонија дојдоа мултинационални глобални компании кои реализираа гринфилд инвестиции во кои се вработени илјадници македонски граѓани. Извозот достигна рекордно ниво од над 3,2 милијарди ева , со зголемено учество на производи со повисока технолошка вредност.
Растот на економијата го движат високите капитални инвестиции од Буџетот, како и извозот на компаниите кои се директни странски инвестиции во ТИРЗ и индустриските зони.
Странските директни инвестиции во земјата кумулативно, за периодот 2007-2015 година, достигнаа 2.281 милиони евра и се повисоки за 1.498 милиони евра во однос на периодот 2003–2006 (три пати повеќе). СДИ во периодот 2007–2015 година се за 1.513 милиони евра повеќе во однос на кумулативниот прилив на СДИ во 10-годишниот период на владите на СДСМ (исклучувајќи ја приватизацијата на ЕСМ во 2006 и продажба-та на 10% државен капитал во „Македонски телеком“ во јуни 2006 година).
Во 2014 година СДИ изнесуваат 205,1 милиони евра, а во 2015 година изнесуваат 157 милиони евра. Значајно е што СДИ во Македонија се насочени во гринфилд-инвестиции и се инвестира во изградба на нови фабрики и капацитети кои креираат работни места и извоз.

Растот на индустриското производство во 2014 година изнесуваше 4,8% што е шесто најдобро остварување во Европа, при што индустриското производство непрекинато растеше 19 месеци по ред заклучно со март2015 година.
Во 2015 година продолжија позитивните движења и индустриското производство забележа раст од 4,9% со значително интензивирање на активностите во втората половина од годината. Политиката на привлекување на квалитетни СДИ кои отвораат нови производствени погони придонесе кон подобрување на конкурентноста на земјата како резултат на диверсификација на структурата на индустријата.
9.Со одржување умерен буџетски дефицит и внимателно задолжување за реализирање на крупни инфраструктурни проекти, Македонија и понатаму остана ниско до умерено задолжена земја со државен долг од 38% и јавен долг од 46,5% заклучно со декември 2015 година, односно шеста најмалку задолжена земја во Европа.

Македонија со добар кредитен рејтингКако резултат на добрите политики и успешно спроведените структурни реформи, како и водењето на балансирана фискална политика, во изминатиот период и покрај предизвиците на светската економска и финансиска криза, Македонија успеа да ја одржи оценката за кредитниот рејтинг на земјата на стабилно ниво.Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард енд пурс (Standard & Poor’s) во 2015 година повторно ја потврди претходно доделената оценка за кредитниот рејтинг на Република Македонија за странска и домашна валута BB-.Потврдениот кредитен рејтинг се заснова на умереното ниво на надворешен и јавен долг, како и на позитивните очекувања за просечен раст на економијата, што се темели врз основа на стабилните приливи од странските директни инвестиции. Агенцијата за кредитен рејтинг Фич Рејтингс (Fitch Ratings) во февруари 2016 година, објави дека ја потврдува доделената оценка за кредитниот рејтинг на Република Македонија за странска и домашна валута BB+. Имено, оваа оценка ѝ е доделена на Република Македонија во 2010 година и истата се потврдува секоја година. Потврдата на кредитниот рејтинг на Република Македонија од страна на Фич Рејтингс (Fitch Ratings) се базира на умереното ниво на јавен долг, добрата макроекономска политика и поволната бизнис-клима.
Стабилниот кредитен рејтинг на Република Македонија е значаен сигнал за странските инвеститори и влијае позитивно на каматната стапка по која земјата позајмува на меѓународниот пазар на капитал,како и на вкупниот економски и политички имиџ на Република Македонија. Дополнително, потврдата на кредитниот рејтинг е уште еден силен сигнал кон странските инвеститори дека е Република Македонија земја во која можат да имаат доверба и во која можат да сметаат дека и воиднина ќе има здрави економски политики.
Задржана монетарна стабилност и стабилен девизен курсИ во изминатиот период фискалната и монетарната политика беа добро координирани, што придонесе за одржување на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото. Девизните резерви во декември 2015 година достигнаа 2.262 милиони евра и во однос на 2006 година се зголемени за скоро милијарда евра (845 милиони евра). Со одржувањето на стаби-лен девизен курс се заштити стандардот на граѓаните и се обезбеди сигурност во работењето на фирмите.
Македонија остана земја со најниски даноци во Европа Со најнизок рамен данок од 10% на данокот на добивка и персоналниот данок. Со тоа, Македонија е рангирана меѓу првите 5 земји во светот и прва во Европа според Doing Business 2016 со најмалото даночно оптоварување. За разлика од останатите земји кои ги зголемија даноците или воведоа нови кризни давачки во текот на должничката криза во Европа, во Македонија даноците останаа непроменети.
Македонија во најновиот извештај на Doing Business 2016 на Светска банка и ИФЦ е рангирана на извонредното 12. место меѓу 189 земји во светот (82 места подобрување во однос на 2006 година кога бевме на 94. место). Македонија има најдобра бизнис-клима во Југоисточна Европа и е подобро рангирана од 24 земји членки на ЕУ според условите за водење бизнис (односно, на шестото место во Европа, по Данска,Велика Британија, Шведска, Норвешка и Финска). Високото 12. место ја прави Македонија најдобро рангирана земја во развој во светот според овој реномиран извештај, чија он-лајн верзија само во првиот ден од објавувањето беше прегледана од над 30 милиони бизнисмени, менаџери, инвеститори и аналитичариод целиот свет. Ова е значајна потврда за успешните политики коишто се спроведуваат во континуитет и претставува силен сигнал до инвеститорите кои ја ставиле Македонија на инвестициската мапа како потен-цијална бизнис-дестинација.
Зголемување на платите во јавниот сектор. Платите на вработените во јавниот сектор се зголемија за 4%,почнувајќи со исплатата на октомвриската плата во 2014 година. Претходно во периодот пред кризата(2007-2008) платите во јавниот сектор се зголемија за 25%.
Зголемување на пензиите за 5% почнувајќи со исплатата на септемвриската пензија во 2015 година, при што сите пензии линеарно се зголемија за 621 денар. Претходно со зголемувањето од 5% од март 2014 година (кога сите пензии се зголемија за 600 денари) и со претходните зголемувања, просечната пензијаисплатена во септември 2015 година во износ од 13.077 денари е зголемена за 70,1%, споредено со пензијата исплатена во септември 2006 година од 7.688 денари. Најниските пензии се зголемија за повеќе од 90%. Во Буџетот за 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за 5% (650 денари), кое околу 300.000 пензионери ќе го добијат почнувајќи од септемвриската пензија со исплата во октомври 2016 година, што е значителна поддршка за животниот стандард на највозрасните категории граѓани.
Зголемена социјалната парична помош. За 10% е зголемена социјалната парична помош и постојаната парична помош, почнувајќи со исплатата на овие права за јуни 2015 година. Со ова зголемување и претходно со зголемувањето од март 2014 година од 5%, правото на социјална парична помош во просек од 2006 до 2015 година е зголемено за 61,8%, а правото на постојана парична помош е зголемено за 60,5%. Во Буџетот за 2016 година е предвидено ново зголемување на социјалната помош за 5% кое корисниците ќе го добијатпочнувајќи од јуни, со исплата во јули 2016 година.
Преку проектот Еднократен отпис на долгови им се помогна на најранливите категории граѓани кои поради светската економска криза и европската должничка криза се нашле во тешка материјална состојба. Со проектот им се помогна на 3 најранливи категории граѓани: 1. корисниците на социјална помош и постојана парична помош; 2. невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и 3. лицата изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните 5 години; а им се отпишаа долгови врз основа на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити класифицирани во категорија Г и Д од страна на банките, кои не се обезбедени, како и за радиодифузна такса,настанати заклучно со 31 декември 2013 година. Вкупно се отпишани долгови на 14.869 семејства во износ од 29,2 милиони евра (1.798.493.393 денари). На тој начин директно им се помогна на најранливите категории граѓани – примателите на социјална помош, долгорочно невработените и семејствата во кои имало смрт, тешка болест или повреда, заради што не се во состојба да ги плаќаат достасаните обврски.
Проект „Купи куќа, купи стан“. Со проектот „Купи куќа, купи стан“ им се овозможува на граѓаните под најповолни услови и на полесен начин да дојдат до сопствен дом. Досега се одобрени над 28,3 милиони евра субвенционирани станбени кредити на 818 лица, за кои вкупните одобрени субвенции за двата модела изнесуваат 5,3 милиони евра. Се намалија каматите, и тоа, во првите три години наместо 4,9% каматната стапка изнесува до 3,95%, а во четвртата и во петтата година наместо 5,5% каматната стапка изнесува до4,44%. Ова придонесе да се зголеми интересот за проектот при што во 2015 година се одобрени 340 одлуки за субвенционирање на станбени кредити. Значајно е што проектот придонесе за намалување на цените на становите кои се нудат на пазарот на недвижности, додека банките ги намалија каматните стапки застанбените кредити за 3-4 процентни поени, со што истите се на историски најниското ниво од околу 3%,што е добра можност граѓаните да го решат станбеното прашање.
Инаку најуспешниот министер за финансии во историјата на Македонија, Зоран Ставрески е роден во Охрид во 1964 година. Станува дел од владиниот економски тим во 2006 година како вице-премиер задолжен за економски работи, во кој доаѓа од работна позиција водечки економист за развојни политики во Светската Банка во која претходно е ангажиран од 2001 година. Од 2009 година е назначен за министер за финансии и е еден од предводниците на економскиот тим на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Оженет е и татко е на едно дете.Четврти највисок економски раст во Европа во 2014 година.И покрај тоа што голем број земји во ЕУ имаат минимален позитивен раст, а

loading...