Морате да ги пробате овиe малку поинакви полнети пиперки.Состојки:
осум бабури
4 компири со средна големина
една поголема главица кромид
една тиквичка
една поголема шолја печурки
3 лажици ајвар
малку лук, листови магдонос
сол, бибер и останати зачини по вкус
маслиново масло и путер
Подготовка:
Кромидот, компирот и печурките исецкајте ги на што поситни коцки. Тиквичката изрендајте ја. Пиперките исчистете ги од семки. Кромидот динстајте го на маслиново масло и путер. Штом ќе се кристализира додадете го компирот и печурките. Потоа додадете го ајварот и посолете и зачинете. На крај додадете ја ренданата тиквичка, лукот и магдоносот.
Смесата добро промешајте ја, пробајте дали е зачинето и наполнете ги пиперките.
Наредете ги во огноотпорен сад, додадете вода и додадете во незагреана рерна, вклучете на 200 степени и печете час и половина, без да го кренете капакот.Состојки:
осум бабури
4 компири со средна големина
една поголема главица кромид
една тиквичка