Стефан Богоев наместо да пресметува весела математика која ни тој самиот не ја разбира, треба да им погледне на фактите во очи. А, фактите се поразителни. Не, само за Стефан Богоев, младиот олигарх од СДСМ туку и за целото СДСМ.За првпат во историјата на независна Македонија, после 20 години ВМРО-ДПМНЕ постигна договор за утврдување на минимална плата која сега изнесува 10.080 денари и истиот го уреди со закон, што значеше сигурност за македонските граѓани, и се работи на континуирано покачување на истата. Исто така просечната плата е зголемена неколку кратно, што го потврдува напредокот во социоекономската сфера.
Се изгради нов студентски дом – Стив Наумов, а беа реконструирани и дел од постојните објекти на студентските домови. Реконструиран е и блок Б од студентскиот дом Гоце Делчев, а се чека мебел за негово опремување за да се пушти во употреба. Лифтовите во сите студентски домови се заменети со нови, дополнително ќе се градат и 3 нови студентски домови
Да потсетиме дека во време на СДСМ кога државата ја водеа постарите партиски колеги на Богоев, студентите имаа само неколку стипендии кои редовно ги добиваа децата на црвената боржуазија на СДСМ. Денеска студентите имаат можност да искористат над 40 различни видови стипендии, а воведена е и една од најважните стипендии за упис на еден од 100-те светски најдобри универзитети, што уште еднаш ја покажува грижата на ВМРО-ДПМНЕ за образованието на младите.
Намалена е партиципацијата за студентите. Некогаш студирањето беше привилегија за децата на олигарсите и членовите на СДСМ, денеска е реалност за сите. Од 800 до 1200 евра колку што беше во времето на СДСМ сега студентите плаќаат за партиципација 200 до 400 евра. Дополнително од 2017-та ќе се намали за 50% партиципацијата за студенти од самохрани и еднородителски семејства, а од академската 2017/2018 ќе се стимулира уписот на техничките факултети.
Овозможен е бесплатен превоз за студентите каде што има јавни претпријатија за превоз, а воведен е и бесплатен железнички превоз секој прв и трет викенд во месецот, а ја искористиле 83.874 студенти и им се заштедени милиони денари.
Реконструирана е библиотеката Браќа Миладиновци, а се подготвува и комплетно реновирање на истата. Се подготвува реновирање на НУБ Свети Климент, а ќе се прават читални во Прилеп, Струга, Гевгелија, Струмица, Аеродром, Велес и уште една мултифункционална читална во Скопје. Незамисливо во времето на СДСМ.
Очигледно младиот олигарх Стефан Богоев нема реална претстава за проектите кои се реализирани, нема реална претстава како живееле студентите во времето на СДСМ и нема реална претстава како е да си нормален студент со нормални примања и да ги имаш сите олеснувања кои се воведени, бидејќи Стефан Богоев е дете кое потекнува од енормно богато семејство. Поседува неколку станови, живее во луксузна куќа, вози неколку различни скапи автомобили, студирал на приватен факултет каде што една година чини колку цел факултет на еден просечен студент.За првпат во историјата на независна Македонија, после 20 години ВМРО-ДПМНЕ постигна договор за утврдување на минимална плата која сега изнесува 10