НУ-УБ „Гоце Делчев” – Штип во соработка со Совет на Млади Ве поканува на Кафе-чај „прошетка” низ градот под Исарот со обука за Јапонска програма за туристичко менаџирање проследено и со емитување на емисија за Штип. На „прошетката” (обуката) ќе можат да присуствуваат заинтересирани граѓани, професори, ученици од 8 и 9-то одделение, ученици од средните училишта и студенти, на кои на крај ќе им бидат доделени Потврди за учество на обука.На обуката ќе биде презентирана Јапонска програма за развој и менаџирање на туризам под наслов: Tourism destination marketing under the cooperation between the public and private sector”, а предавач е Регина Икономовска која е во посета како номинирана од Туристичката комора на Македонија и Секретеријатот за Европски прашања, овозможена од Јапонската агенција за меѓународна соработка.
Таа програма служи за да се пренесат, адаптираат и имплементираат светските модели за маркетинг и менаџирање на туризам, меѓу кои е и комерцијалниот филм како алатка за промоција и продажба на дестинација.Со искуството од циклусот емисии под наслов „Чудесна земја” што Икономовска ја заокружи со 27 емисии во кои туризмот имаше секундарно значење, таа беше подобна за да го усоврши тој модел кој во Јапонија активно се користи.
Темата се сите начини на промоција на туризам, но меѓу нив акцентот е и на филмовите, а Икономовска преку нејзиниот циклус „Чудесна Македонија” има направено емисија за Штип.
Презентацијата трае еден час по кој ќе биде пуштена како пример емисија во која има одредена регионална дестинација, а тоа е емисија за Штип.Тоа е обука во која ќе се дискутира околу урбаниот и филмскиот туризам и за искуството што Икономовска го пренесува од Јапонија.
Датум: 22.01.2016 година (петок)
Место: НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип
Предавач: Регина Икономовска
ПРИЈАВУВАЊЕ ОД 18 ДО 21 ЈАНУАРИ 2016 ГОДИНА! на е-маил: [email protected]На обуката ќе биде презентирана Јапонска програма за развој и менаџирање на туризам под наслов: Tourism destination marketing under the cooperation