Погледнете какво влијание има денот на вашето раѓање на вашиот карактер и особини. Што денот во кој сте родени- од недела до понеделник открива за вас?На нас, тврди астрологијата имаат влијание и деновите во неделата кои своите имиња ги добиле според планетите…
Понеделник е месечев ден, вторник е ден на Марс, среда е ден на Меркур, четврток ден на Јупитер…
Петок е ден на Венера, сабота на Сатурн, а недела е Сончевиот ден…
НЕДЕЛА- ден кој го управува Сонцето
Жена- Стравствени сте и импулсивни, полни со ентузијазам и знаете да преземете иницијатива. Во врска останувате додека вие го сакате тоа.
Мажи- Амбициозни сте и сигурни во себе. Авторитивното однесување и самоиницијатива се особини кои најдобро ја опишуваат вашата личност.
ПОНЕДЕЛНИК- ден на Месечината
Жена- Сензитивни сте и нежни и секогаш го следите своето срце. Уживате во хармоничниот живот поради што умеете и да му „ се пикнете“ на партнерот под кожа.
Маж- Поседувате особина за богата фантазија, не сакате самотија и утеха често пронаоѓате во нежните чувства кои спрема вас ги покажуваат другите личности. Пожртвувани сте за членовите на своето семејство бидејќи само во кругот на домот пронаоѓате вистинска среќа и смисла за живот.
ВТОРНИК- ден со кој управува Марс
Жена- Стравствени сте и знаете да заведувате. Иако вашата потреба за независност е доста нагласена и сакате слобода, знаете и да бидете посесивни во односот со вашиот партнер. Љубовта ја доживувате како игра па затоа и несвесно можете некого да повредите.
Маж- Покрај харизматичноста и шармот со кој зрачите, доста сте убедливи и упорни. Ве краси смислата за хумор, насмевката, оптимизмот и ентузијазмот. Своите чувства сакате да ги делите со другите, сакате забава а во друштво сте џентлмен.
СРЕДА- ден под влијание на Меркур
Жена- Кога е во прашање љубовта вие сте доста нестрпливи. Сакате слобода и флерт но и авантура и секогаш сте во потрага по нови искуства. Вашата спронтаност е вродена а вашиот шарм природен.
Маж- Шармантни сте и зборлести. Поради вашиот интересен дух и смисла за хумор, многу претставници на понежниот пол посакуваат да бидат во ваше друштво.
ЧЕТВРТОК- ден под влијание на Јупитер
Жена- Вашата потреба за флерт и романса најмногу доаѓа до израз на патувањата. Без оглед на нагласената потреба за љубов можете да живеете сами бидејќи сте доста независни.
Маж- Вие сте заводник. Истовремено сте и конформист, но и добар глумец. Иако вас врзувањето и бракот помалку ве плашат сепак вие не сте некој кој сака да живее сам.
ПЕТОК- ден со кој управува Венера
Жена- Сакате хармонија во се особено во емотивната врска. Се плашите од самотија, а заштитата по која трагате ја пронаоѓате во вашето семејство.
Мажите ги привлекувате со насмевката.
Маж- Кога изјавувате љубов, вие тоа навистина го мислите. Не можете да живеете без нежност и да потврда дека сте сакани од својот партнер. Бракот и семејството ви се најважни во животот.
САБОТА- ден под влијание на Сатурн
Жена- Таинствени сте, независни и оригинални. Не сакате да откривате многу за себе па затоа и своите чувства не ги покажувате така лесно. За вас заведувањето е игра на интелект.
Маж- Љубовната сигурност често ви е поважна од страста па затоа партнерот секогаш може да смета на вас.Под вашата привидна незаинтересираност се крие голема нежност. Вашите реакции се непредвидливи, доста сте емотивни но и се плашите другите да не ја забележат таа ранлива црта. На нас, тврди астрологијата имаат влијание и деновите во неделата кои своите имиња ги добиле според планетите…
Понеделник е месечев ден,



