Што е Pokemon Go и зошто деновиве постојано слушате за тоа?

Ако неодамна сте биле на интернет, па дури и надвор од дома, невозможно е да не сте забележале дека играта Pokemon Go ненадејно го освои светот како бура. Ако се прашувавте, а особено ако сте се родиле пред 1984 година, време е да ви објасниме.Покемон е франшиза на Нинтендо што беше лансирана во 90-тите години. Во измислениот свет, „тренерите“ патуваат низ светот и фаќаат ретки чудовишта, кои наликуваат на мутирани животни и се наречени покемони. Тренерите потоа ги зајакнуваат своите покемони, терајќи ги да се борат против покемони што ги поседуваат други тренери. Целта е „да се соберат сите“, како што и може да се заклучи од слоганот, и да се стане „Покемон мастер“ победувајќи ги најсилните тренери.
Па, што е Pokemon Go? За разлика од претходните Покемон игри, не се игра на конзола на Нинтендо, туку може бесплатно да се симне за направи со оперативен систем Android и iOS. Исто така, воопшто не се игра како претходните Покемон игри. Иако целта останува иста – да се уловат сите; играта е помешана со елементи од реалниот живот.
Големата паника се создаде околу фактот дека Pokemon Go го користи GPS-от и часовникот на вашиот телефон за да одлучи кој Покемон ќе се појави пред вас. Ако сте во парк, се појавуваат покемони од типот на инсекти и животинчиња што живеат во соодветната срдина. Ако е ноќ, се појавуваат ноќни животни, како лилјаци и духови. Па така, за да бидете успешни во светот на играта, мора да патувате низ просторот и времето во реалниот свет.

Pokemon Go исто така има и сали за тренирање, каде Покемон мастерите се собираат. Можете со вистински пари да купите предмети со кои ќе ги намамите покемоните да дојдат до вас, а на тој начин впрочем и заработуваат програмерите на оваа уникатна игра.

Заради својата уникатност, играта, која излезе пред помалку од една недела, се искачи меѓу најпребаруваните работи на интернет, па така, таа во моментов е убедливо попребарувана од порнографијата.
 Покемон е франшиза на Нинтендо што беше лансирана во 90-тите години. Во измислениот свет, „тренерите“ патуваат низ светот и фаќаат ретк

Пронајдете не на следниве мрежи: