Сто илјади евра за нов систем за наводнување во Ранковце

Сто илјади евра се издвоени од Програмата за рурален развој за систем за наводнување во општина Ранковце во кој ќе биде инсталиран цевковод во должина од 4,5 километри.Заменик минстерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска изврши увид во градежните работи за изградба на системот за наводнување од Отошничка брана на река Отошница во истоименото село во Ранковце.
-Овој систем за наводнување ќе им служи на жителите и земјоделци од селата Отошница, Ветуница и општина Ранковце кои ќе можат да го користат веќе за триесетина дена од сега, кога е предвидено финализирање на проектот, изјави Костадиновски.
Системот, појасни, ќе биде со капацитет за наводнување на површина од околу 250 хектари во атарот на предвидените села. Воедно е одлична основа за продолжување на секундарната мрежа со која ќе можат да се наводнуваат дополнително 350 хектари, со што ќе бидат заокружени околу 600 хектари површина, земјоделски површини, градини и бавчи на сопствениците на куќи и викендици во овој крај, истакна Костадиновски.
Браната, како што рече, е изградена со средства од водостопанското претпријатие „Куамновско-липковско поле“, а системот за наводнување што се гради е реалзиација на барање на жителите.
Костадиновски информира дека со програмата на АД Водостопанство се предвидени и други проекти за годинава. – Станува збор за два постојни системи кои се направени, но се веќе руинирани и има голема загуба на вода која се користи за наводнување и не се користи максималниот расположлив капацитет. Тоа се системи за наводнување на река Пчиња и тоа во селата Довезенце, Јачинце и Клечовце со вкупна површина од 250 хектари и посебен водозафат во село Пчиња, рече Костадиновски.
Се реализира, оцени, големата десетгодишна програма за вложување во водостопанската инфраструктура која изнесува околу 200 милиони евра.
-Голем дел до тие средства веќе се користат, како што може да видиме, се одвиваат гардежните активности, како и овде, и се надеваме дека сите жители од Ранковце по изградбата на системот ќе можат да склучат договори со Водостопанство, подружница, Кумановско-Липковско поле, и да можат да ги стават во функција можностите за наводнување за успешно подигнување и одгледување на повеќегодишни овошни насади за кои овдешната клима и поднебје се исклучително погодни, потенцира заменик-министерот Костадиновски.Заменик минстерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска изврши увид во градежните работи за изградба на системот

Пронајдете не на следниве мрежи: