Што има чудно во црквата Св. Преображение?

Постои црква во село Локов позната како Св. Преображение. Навидум оваа црква е нормална, но сепак има нешто чудно во неа. Иако навидум оваа црква изгледа нормално, сепак чудното кај неа е што влезот за жените е забранет.
Според приказната, многу одамна во селската црква Св. Спас, несмеело да влегуваат жени. Причината за оваа забрана е иконата која се наоѓала во црквата, се до денот на Св. Преображение кога некоја жена влегла и иконата исчезнала.  Селаните ја барале иконата под дрво и под камен, но немало никаква трага од неа. Жената која е причина за ова исчезнување на иконата, не знаела дека не смее да се влегува во црквата.
По многу години, иконата била пронајдена на карпа каде што била изградена црквата Св. Преображение. Од тој ден строго било забрането влез на жени во оваа црква, поради стравот дека сите икони во цркават може да исчезнат.
Никој нема објаснување зошто кога жена ќе стапне во оваа црква иконите едноставно мистериозно исчезнуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.