Историчарка од Универзитетот Јејл пронајде оригинална верзија на неславното „проштално писмо“, кое му било испратено на д-р Мартин Лутер Кинг.Наведеното писмо било обид на тогашниот шеф на ФБИ, Едгар Хувер да го вознемири водачот на движењето за човекови права во САД, само неколку дена откако Кинг ја доби Нобеловата награда за мир во 1964 година.
Во писмото, му се заканувале на Кинг со изнесување во јавност на неговите вонбрачни активности и бил теран да се самоубие.
„За тебе постои само еден пат. Подобро ти е тргнеш по него, пред целата нација да дознае за твојата валкана и абнормална слика“, стои во писмото, кое го пренесува „Дејли Мејл“.
Кинг веќе отишол во Норвешка во моментот кога писмото стигнало на неговата адреса, па тоа било отворено од неговата сопруга Корета.
Писмото било објавувано и претходно, но тоа што е посебно кај оваа копија е дека сега е нецензурирано.
„Изненадена сум дека ја пронајдов целата, нецензурирана верзија од писмото меѓу неговите документи во националната архива“, изјавила Бевери Гејџ, историчарка од Јејл.
Хувер го мразел Кинг, до таа мерка што го класифицирал како „најопасен и најефикасен црнечки водач во САД“.
Писмото било пишувано на посебна машина за пишување, а авторот се претставил како припадник на американската црнечка заедница.
„Кинг погледни во твоето срце. Знаеш дека си голем измамник и голема закана за нас црнците“, стои во писмото.
Писмото го напишач агентот на ФБИ, Вилијам Саливен и во него намерно правел граматички грешки, како би било уште „поуверливо“. Во писмото се барала од Кинг да се самоубие во рок од 34 дена, односно на денот кога требало да ја прими Нобеловата награда за мир.Наведеното писмо било обид на тогашниот шеф на ФБИ, Едгар Хувер да го вознемири водачот на движењето за човекови права во САД, само неколку дена от