Што се крие зад окото на „Големиот Брат“ и на што се изложени натпреварувачите?

Британските психолози тврдат дека натпреварувачите во шоуто „Големиот Брат“, поминуваат низ четири фази на психолошки експеримент.Големиот Брат е една од најгледаните емисии во светот. Посебно на нашите простори.
Режисерот на првата сезона од хрватската верзија на шоуто Марио Ковач, напиша книга „Големиот Брат: 100 дена пред екранот“, во која ја анализира психологијата на натпреварувачите, но и на гледачите.
Тој ги објасни четирите фази на овој психолошки експеримет:
1. Првата фаза се вика формирање, бидејќи тогаш натпреварувачите се запознаваат и се обидуваат да го пронајдат својот сојузник во куќата и местото во хиерархијата. Таа трае првите недела дена.

2. Во втората фаза станарите жестоко се наметнуваат и се борат за положба. Многу лесно се доаѓа до расправии поради емоциите. Но, во првите недели натпреварувачите се зближуваат поради страв од исфрлање од куќата, а тука почнува да се мешаат нетрпеливоста и приврзаноста, што влијае на нивната психичка состојба.
3. Во третата фаза односите се стабилизираат. Натпреварувачите се познаваат доволно добро и задачите ги извршуваат опуштено, бидејќи знаат кој колку е способен.
4. Последната фаза се нарекува глумење, бидејќи никој не може да одигра до крај, а ретко кој кандидат не ја вади маската до крајот на шоуто. Пред крајот сите се свесни за себе и конкуренцијата.Големиот Брат е една од најгледаните емисии во светот. Посебно на нашите простори.
Режисерот на првата сезона од хрватската верзија на шоут

Пронајдете не на следниве мрежи: