недела, 29 ноември 2026
Најново

Се појави ВИДЕО од моментот кога Стоилов заминува од церемонијата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Минатогодишниот добитник на наградата за „Најдобар спортист на Македонија“, Стојанче Стоилов синоќа демонстративно го напушти годинашниот избор организиран од Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортови на Македонија, револтирано реагирајќи на „двојазичноста“ за време на манифестацијата.
Стоилов ја напушти манифестацијата уште при доделувањето на првите две награди за училишен и за средношколски спорт кои ги добија училишта од Чаир и од Тетово. Тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обрати на албански, па во тој моментот Стоилов револтирано си заминал. „Се чувствувам засрамено и понижено“ – и објаснил нешто подоцна искусниот ракометар во вибер-групата на соиграчите од репрезентацијата, кои се сместени во хотелот „Александар Палас, каде и се одржуваше манифестацијата.

Дали вие ќе напуштевте ако бевте во ваква ситуација?
Извор: Стоилов

Поврзани вести