Стотици прилепчани заминаа да помогнат на регионите зафатени од поплавите

Општинскиот кризен штаб и локалната самоуправа од Општина Прилеп, рано утринава упатија помош до зафатените подрачја од поплавите во скопско, во човечки ресурси и механизација. Во акцијата се вклучија над 150 луѓе од јавните комунални претпријатија од Прилеп, ЈП ПУП, ЈП Македонски шуми -Црн Бор Прилеп,  екипи од противпожарната единица, од Македонија пат – подружница Прилеп, од брзата медицинска помош и работна сила од АД Турунски комбинат – Прилеп.Воедно, со овој конвој во два камиони од Македонија пат – Прилеп, беше испратена  и хуманитарната помош во вода, храна, средства за хигиена и детски памперси, која вчера прилепчани ја собираа на пунктот кој го постави локалната самоуправа во организација со ОО на Црвениот крст – Прилеп.
Градоначалникот на Прилеп истакна дека во координација со Центарот за кризи – Скопје доколку е потребно и во наредните денови Прилеп ќе помага со човечки ресурси и механизација и ги повика сите оние кои сакаат да помогнат да се пријават во локалната самоуправа.
Граѓаните можат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400.
 Воедно, со овој конвој во два камиони од Македонија пат – Прилеп, беше испратена  и хуманитарната помош во вода, храна, средства за

Пронајдете не на следниве мрежи: