Странските фирми ја заобиколуваат Македонија

Нашиот северен сосед е во сериозни преговори со индијската компанија ТАФЕ која е заинтересирана за оживување на некогашниот гигант ИМТ (индустрија на машини и трактори) кој своевремено преставуваше симбол на индустриското производство на поранешна Југославија, пишува српски Б92, пренесува порталот Економски.„Мораме да пробаме да го оживиме ИМТ. Како што рече Александар Вучиќ кога се врати од Индија, имаме голем инвеститор – компанијата ТАФЕ која е заинтересирана за ИМТ и работиме со нив за да поново почнеме производство на трактори во Србија, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.
Додека Зоран Заев и неговите соработници безгрижно седат на комотните фотељи, Македонија ја губи трката со Србија во привлекувањето на странските директни инвестиции. Имено, додека Србија е во сериозни преговори со индијскиот гигант ТАФЕ, македонската влада воопшто не се ни труди да стапи во контакт со менаџерите на оваа компанија.
Ако Ана Брнабиќ претставува репер за тоа како треба да се водат преговорите со странските компании, СДС и Зоран Заев се репер за тоа како најлесно се бркаат странски инвеститори.
Инаку, групацијата Amalgamations во која припаѓа ТАФЕ (Tractors and Farm Equipment Limited), е една од најголемите светски инженеринг групи во Индија со над 15.000 вработени во матичната земја, која главно се занимава со производство на трактори (како на пример Massey Ferguson) и автомобилски компоненти, а нивните годишни приходи се мерат во милијарди евра.
Доколку до пред некое време, Македонија преставуваше дестинација број еден во регионот каде што странските фирми го вложуваа својот капитал, сега е повеќе од очигледно дека тоа останува само еден мит. Напротив, многу од постечките фирми кои отвориле свои погони во државава, по најавените нови мерки во областа на економијата, сериозно размислуваат за напуштање по потрага на подобри услови.
Откако станавме земја со најниски даноци во светот, нешто што го респектира секој инвеститор, новата и неспособна влада планира да ги зголеми даноците.  СДС по барање на македонските тајкуни во обид да ги заштити монополските позиции на нивните фирми, превзема низа мерки со кои ќе ги пренасочи странските инвеститори кон други дестинации. При отсуство на конкуренција, македонските газди ќе ги држат цените на едно повисоко ниво од нормалното, додека пак вработените ќе земаат помали плати.
Како резултат пак на одговорното и домаќинско работење на владата на ВМРО-ДПМНЕ, до почетокот на 2017 година беа регистрирани над 100 странски компании кои функционираат во државата и вработуваат илјадници наши граѓани. Поголемиот дел од нив соработуваат со најмалку петстотини домашни компании од што тие македонски компании на годишно ниво имаат продажба на стоки и услуги кон новите странски компании во Македонија  некаде околу 55 милиони евра годишно, средства кои во најголем дел остануваат на домашното стопанство. Со ова домашните компании не само што стануваат посилни туку се повеќе се охрабруваат да настапуваат и во регионални рамки.
Во изминатите десетина години владите на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да привлечат директни странски инвестиции во висина од над 2.6 милијарди евра, а благодарение на тие странски инвестиции македонскиот извоз од 1.9 милијарди евра се зголеми на над 4 милијарди евра.
Во 2006 година немаше ниту една функционална технолошко индустриска развојна зона. ВМРО-ДПМНЕ отпочна проект за развој на вкупно 14, од кои сега се 8 целосно функционални зони, а останатите 6 во изградба.
Силниот импакт кои го имаа СДИ врз македонската економија е повеќе од очигледен. Стапката на невработеност, од 38% падна на 22,9%.
Ако некој има корист од доаѓањето на власт на СДС, тоа се дефинитивно соседите. Нашите соседи имаат голема корист од неукиот и лесно манипулативниот Зоран Заев, во двете сфери, и на економски и на политички план. Македонија за периодот откако СДС е на власт, бележи 0 нови странски директни инвестиции и 0 вработени по овој основ, Македонија е единствена земја во Европа со негативен економски раст во овој период, и Македонија de facto е влезена во рецесија.„Мораме да пробаме да го оживиме ИМТ. Како што рече Александар Вучиќ кога се врати од Индија, имаме голем инвеститор – компанијата ТАФЕ

Пронајдете не на следниве мрежи: