Страшна сообраќајна несреќа! Давор умирал полека во смачканата кабина

Возачот на камион Давор Војиновиќ (29) од Рогатица загина, додека П. С. (53) од Хрватска и М. Ш. (33) и П.П. (55) од Романија, се тешко повредени во  ланчан судар кој на густа магла се случил на автопатот Белград- Шид.Несреќата се случила во понеделникот недалеку од наплатната рампа Шимановци во насока кон Шид. Поради  малата видливост се судриле три автомобила, два камиона и автобус на претприaтието „Транспродукт“ од Белград.
Директорот на „Транспродукт“, Влада Милановиќ вели дека во понеделник навечер нивниот автобус тргнал кон Љубљана.
„нашиот возач Мирослав М. (35) кажа дека маглата била густа и дека возел полека. Три километри од наплатната рампа покрај маглата, налетал на густ чад кој доаѓал од депонијата во близина. Во тој момент наишол на турски  камион кој се движел споро. Мирослав ги вклучил сите четири жмигавци и  полека го претекол. Го возел автобусот по левата лента кога со голема брзина од позади го удрил „пасат“ со  Романци“, вели  Милановиќ.
Потоа во пасатот удрило рено со таблички од Сремска Митровица.

 
Милановиќ вели  дека во истиот момент од десна страна во турскиот камион во средната лента удрил камион управуван од Давор Војиновиќ. А потоа во него се забил автомобил  со Шабачки таблички.
„Ударите одекнуваа како  експлозии“, вели Милановиќ и додава дека се слушале криците на камионџијата.
„Беше морничаво! Војиновиќ викаше од болка. Молеше да го извлечат. Додека викаше помош, сите притрчаа и ги кршеа стаклата за да го извлечат. Воланот му удрил во гради, а нозете му беа приклештени. Докторите на итната помош не можеа да сторат ништо. за тоа време гласот на момчето стануваше се потивок, додека не веќе не се слушна. Се мачеше половина час и почина пред моите очи“, вели  Милановиќ.
Колегите на Давор велат дека бил вредно момче и одличен возач.Несреќата се случила во понеделникот недалеку од наплатната рампа Шимановци во насока кон Шид. Поради  малата видливост се судриле три автомоб

Пронајдете не на следниве мрежи: