Над 150 студенти од техничките и економските факултети низ цела Македонија ќе учествуваат на натревар во изработка на бизнис планови кои содржат елементи на енергетска ефикасност. На натпреварот кој денеска започнува во рамките на Платформата за енергетска ефикасност на ЕВН Македонија и Министерството за економија, ќе учествуваат 40 тимови.За нивно подобро и поуспешно учество на овој натпревар, студените добија соодветна обука која се одржа во рамки на Деновите на образованието на Скопски саем. Студентите имаа шанса да научат како практично да ја вклучат енергетската ефикасност во процесот на бизнис планирање. На учесниците на бизнис план натпреварот им беа дадени конкретни насоки и алатки за изработка на бизнис план и пресметки за енергетски заштеди.Во организација на натпреварот беа вклучени и студентските организации АИЕСЕЦ и ИАЕСТЕ кои го мобилизираа своето членство низ цела Македонија. Промотивни презентации за учество на бизнис план натпреварот беа одржани на 7 различни факултети во Скопје, Битола, Прилеп, Штип и Тетово.
Повеќе на следниот ЛИНКЗа нивно подобро и поуспешно учество на овој натпревар, студените добија соодветна обука која се одржа во рамки на Деновите на образованието на Ско