СТУДЕНТИТЕ изразија задоволство од мерките за млади кои ги промовираше премиерот Груевски

Стипендии, ослободувања од партиципации, стимулација за упис на факултети, нови перални во студентските домови, бесплатен автобуски и железнички превоз, вработување и наградни патувања за најдобрите студенти… Ова се само дел од сетот од 34 проекти за млади, кои во беа промовирани од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Со мерките се опфатени различни категории на млади лица.Младите задоволни, го поздравуваат мерките кои беа провомирани во изминатиот период.
-Најмногу од сите проекти ми се допаѓа за 100-те вработувања на најдобрите студенти на додипломски студии. Тоа е одлична можност за градење на нашата кариера и за вработување нормално и одличен стимул за наредните студенти да постигнат што поголем успех.
-По мое мислење најдобри се проектите за студентите, бидејќи ни овозможија бесплатен јавен превоз, како и реновирање на студентските домови, исто така и пералните во студентските домови.
-Мене најмногу ми се допадна тоа што од другата година, односно од 2017/2018 година, сите студенти што доаѓаат од социјално загрозени семејства, односно кои што имаат месечен приход под просечната плата ќе бидат со 200 евра партиципација на годишно ниво.
-Мерките се одлични и очекувани. Обезбеден е бесплатен превоз на сите линии во сите денови од неделата. Исто така ми се допаѓа и проектот еден клик. Ова се преокти кои нас како студенти најмногу ни се потребни.
-Мене најмногу ми се допаѓа мерката за префрлување од приватна во државна квота и ќе им се овозможи на студентите кои ќе имаат просек од 8,5 да им се намали партиципацијата за 50 проценти, односно да плаќаат 50 отсто помалце.
-Да, ги разгледав новите мерки и многу ми се допаѓаат сите ама како најдобра би ја кажал таа што се дава на најдобрите студенти, можност да патуваат во некоја од европските метрополи на пример Барселона и Париз и таму им се покриваат трошоците за патот. Мислам дека тоа е многу добра стимулација за младите да учат за да може да прошетаа.
-Мене ми се допаѓаат сите мерки за студентите и за младите. Јас би ја истакнал како најдобра мерката за вработување на 100 млади луѓе.
Ова се само дел од коментарите на младите лица во однос на 34-те мерки за нив.
-Посветуваме огромно внимание на младите. Тие се нашиот фокус, најсилниот мотив поради што реализираме огромен број на проекти за нив. Потребна им потребна поддршка и понуда за нови можности за успех. Младите се силата која граби напред, и тоа е неминовиен процес кој се случува, а наша задача е тоа да го динамизираме и подржиме. Затоа се стипендиите, затоа се новите факултетите, реформите кои носат квалитет, новите предности и бенифиции за младите, истакна Груевски на последната промоција.
Ќе се вработат 100 те најдобрите студенти на додипломски студии. Со оваа мерка се предвидува најдобрите студенти на додипломски студии од секоја учебна година кои дипломирале на државните универзитетите во Македонија, да бидат вработени во јавната администрацијата, акционерските друштва каде државата има доминантна сопственост или пак некоја соодветна на образованието јавна установа.
Истовремено ќе се започне и со проектот “ИНВЕСТИРАЈ ВО СВОЈАТА ИДНИНА” со кој ќе се овозможи стипендии за постдипломски и докторски студии на државните универзитети под мошне поволни услови за студентите кои доаѓаат од семејства со помали приходи. На студенти кои ќе дипломираат  со просек над 9 и доаѓаат од семејства со пониски приходи, кои  поради финансиски причини не се во можност да го продолжат образованието, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  ќе  овозможи стипендии  за постдипломски и докторски студии на еден од државните Универзитети.
Исто така во академската 2017/2018 ќе се овозможи на сите студенти, кои доаѓаат од семејства кои имаат месечни примања не поголеми од просечна месечна нето плата, а кои за прв пат ќе запишат студии на техничките факултети кои функционираат во рамките на државните универзитети, да влезат во државна квота, односно да плаќаат партиципација од 200 евра на годишно ниво. Значи 200 евра партиципација за студентите од техничките факултети.
Дури за 50% ќе се намали за студентите од самохрани и еднородителски семејства. Во насока на заштита на нивниот стадард следи намалување на партиципација за 50% за сите студенти од прва до четврта година на државните факултети кои се деца на самохрани родители, односно потекнуваат од еднородителско семејство, во кое, вкупните приходи се под износот на нето минималната плата утврдена во земјата.
Воедно ќе се овозможи и промена на студентски статус со кој на студентите со кофинансирање ќе се даде можност да им се намали партиципацијата за 50% доколку го постигнат планираниот просек од над 8.5% со што ќе заштедат половина од сумата за студирање.
Ќе се реши и горливиот проблем на студентите преку  обезбедување на ПЕРАЛНИ И СУШАЛНИ ВО ДРЖАВНИТЕ СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ.Недостатокот на вакви ресурси за повеќе од 6 500 студенти присутни во домовите значи проблем за нивното функционирање, но и финансиски товар за нивните буџети. Проектот ќе се спроведува преку министерството за образование и наука, а почетокот на реализација ќе биде од јануари 2017та година.
Истовремено студентите на трите најдобро рангирани универзитети во Република Македонија според ранг-листата на Шангајскиот универзитет, кои имаат просек повисок од 9,5, кои се пред дипломирање Владата ќе им обезбеди бесплатно патување и ќе го покрие сместувањето, храната, авионскиот превоз и сè друго што влегува во еден таков аранжман. Тие ќе може да ги посетата Париз, Венеција и Барселона.
Обезбеден е бесплатен превоз за сите редовни студенти од државните универзитети во јавниот градски сообраќај, секој ден во неделата, на сите линии. Ќе се спроведе и проектот насловен “еден клик”, кој што се состои во поедноставување на процедурите и постапките во однос на административните обврски на студентот кон факултетот со со што на студентите ќе им заштеди време и средства.
Освен овие мерки ќе се градат  и три нови студентски домови во Македонија, два од нив ќе бидат изградени во Скопје и нов студентски дом ќе добие и Тетово
Проектите предизвикаа голема популарност кај младите, студентите, средношколците, а истите преставуваат одговор на нивните барања и потреби.Младите задоволни, го поздравуваат мерките кои беа провомирани во изминатиот период.
-Најмногу од сите проекти ми се допаѓа за 100-те врабо

Пронајдете не на следниве мрежи: