Според зборовите на неговиот прв тренер Луис Суарез, уругвајскиот фудбалски репрезентативец отсекогаш имал темпераментен карактер, но пред доаѓањето во Европа немал таква навика да ги гризе противничките играчи.Неговиот тренер во локалниот клуб во градот Салт, се присетил дека младиот напаѓач имал знакови на агресија и бил доста темпераментен.
Знаеше да се налути кога работите не му одеа онака како што ги замислуваше. Знаеше да биде секаков , но никогаш не направил досега вакво нешто како на Светското првенство.
Престрого е казнет за тоа- кажува неговиот тренер.
Но во младоста има направено уште еден инцидент кој долго ќе се памети… Еве за што се работи…
„Ел пистолеро“ како што го нарекуваат во Уругвај, како тинејџер на еден фудбалски натпревар го удрил судијата во глава. Сите кои го познаваат Суарез и тој инцидент не сакаат да зборуваат за него, но фактот стои дека тој инцидент некогаш навистина постоел.
Според последните информации, италијанскиот репрезентативец Чиелини му простил на Суарез и се залага за ФИФА да му ја ублажи казната. Неговиот тренер во локалниот клуб во градот Салт, се присетил дека младиот напаѓач имал знакови на агресија и бил доста темпераментен.
Знае