Судовите не постојат за Зоран Заев!

Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ. За непризнавањето на македонските судови, лидерот на СДСМ беше награден од Катица Јаневасо враќање на пасошот и со барање сите предмети кои се водат против него да ги преземе СЈО, пишува Курир.Лидерот на СДСМ кој е единствениот политичар аболициран за криминал тежок 8 милиони евра, во јули минатата година изјави дека за него не постојат судовите и дека тој нема намера да постапува по мерката која му ја определија, да се јавува редовно во Судот.
-Нема да присуствувам на закажаните судски рочишта. Нема да продолжам да ја почитувам мерка да се јавувам во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка, изјави Заев на 1-ви јули минатата година на партиска прес-конференција.

За ваквото однесување и непризнавање на македонските судови Заев беше награден од Катица Јанева со враќање на патната исправа и со барање сите предмети кои се водат против него и неговите соработници да ги преземе Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Катица Јанева не застана таму, следно на репертоарот на СЈО беше ослободувањето од притвор на првоосомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски и другите обвинети за незаконското следење на комуникациите. Заради оваа одлука на Катица Јанева, Заев доби јавна благодарност од сопругата на Верушевски, Соња Верушевска.

Иако Зоран Заев јавно изјавуваше дека му обезбедувал возило и му барал работа во странство на Зоран Верушевски, тие двајцата во моментов се слободни и без никаква гаранција дека ќе останат тука, доколку нивниот предмет земе да го работи некој што навистина има намера да ги гони за криминалот што го направиле.
Лидерот на СДСМ кој е единствениот политичар аболициран за криминал тежок 8 милиони евра, во јули минатата година изјави дека за него не постојат с

Пронајдете не на следниве мрежи: