SUITEBLANCO со натпревар за најдобар стајлинг

Шпанскиот моден бренд SuiteBlanco  организира интересен натпревар  за најдобар стајлинг со парчињата од продавницата на брендот во Skopje City Mall.
Сите креативни девојки кои сакаат да земат учество во натпреварот имаат за задача да ја посетат продавницата, да направат уникатен стајлинг, да се фотографираат пред специјално поставената позадина, а потоа да ја уплоадираат и споделат својата слика на Facebook. Трите учеснички кои ќе соберат најголем број на поени во натпреварот ќе добијат врендосен вачуер за шопинг.
Ова е интересна можност сите млади девојки да го покажат својот стил на облекување и да ја изразат својата креативност со многубројните парчиња од навистина разновидната колекција на SuiteBlanco за пролет/лето 2013.
Повеќе информации за натпреварот: https://www.facebook.com/FashionGroupMacedonia/app_514283741928622
Филозофијата на  Blanco се фокусира на идејата дека модата нуди слобода.  Затоа, секоја сезона овој бренд им нуди на младите момци и девојки ултра модерни производи по достапни цени, инспиративни парчиња преку кои модниот сон станува реалност. Шпанскиот моден бренд SuiteBlanco  организира интересен натпревар  за најдобар стајлинг со парчињата од прод

Пронајдете не на следниве мрежи: