Сурово и вистинито: Изберете чорап и ќе ви кажеме СЀ ЗА ВАС!

Многу нешта можат да се научат за себе во тестовите за откривање на личноста. Со оглед на тоа дека овие тестови можат да бидат забавни и поучни, испробајте го и овој со видот на чорапи што ги носите.Осум различни видови чорапи, даваат исто толку различни и специфични резултати. Секој вид чорапи посебно ќе открие еден од осумте различни видови на личности.
1. Едноставни, еднобојни чорапи
Вие сте личност која знае како да ја заврши работата. Вие сте роден лидер, ги инспирирате другите луѓе и тие ве земаат за пример. Сериозни сте и одговорни, имате смисла за работа, па затоа и брзо напредувате. Бидете внимателни и не дозволувајте вашиот сериозен став да владее со вашиот живот. Сега е можеби идеално време да внесете малку забава во својот живот. Немојте да се плашите од опуштање.
2. Пругасти чорапи
Сакате сигурни нешта на кои можете да се потпрете. Како резултат на тоа, вие сте личност на која секој човек може да се потпре. Вашите роднини и пријатели знаат дека секогаш можат да сметаат на вас. Исто така, вие сте добар слушател. Другите доаѓаат кај вас за совет или често ви се доверуваат. Сигурно ги знаете сите тајни на вашите пријатели кои без проблем ги чувате во себе. Поради вашата доверлива природа, сите сакаат да бидат ваши пријатели, само внимавајте да им возвраќате со иста мера. Суштината на добрата комуникација лежи во рамнотежата помеѓу слушањето и споделувањето. Отворете се малку повеќе.
3. Чорапи со точки
Вие сте срамежливи и воздржани во однос на вашите пријатели и колеги. Наместо да барате внимание од нив, вие само мирно седите во аголот и набљудувате. Вашата срамежлива природа не ве прави здодевни, туку вие едноставно не чувствувате потреба да врискате од кров како што некои други луѓе од вашиот живот сакаат да прават. Сепак излезете малку од вашата ограда – тоа е секогаш добар совет, особено за некој како што сте вие. Па, доколку немате обичај да кажувате смешни приказни или вицови на забава, време е да подготвите нешто однапред и малку да повежбате. Вие можете сите да ги изненадите со вашата интелигенција и хумор.
4. Чорапи со ромбоиди
Вие сте авантуристи. Уживате во возбудата која доаѓа од преземањето ризици. Вие сте првата личност која секогаш предложува да се проба нова храна или да се истражи нов дел од светот. Понекогаш дури и попрво би скокнале од авион, отколку да одите во кафуле со пријателите. Вие сакате да живеете на работ и на вашите пријатели тоа многу им се допаѓа. Иако луѓето пробуваат да ве скротат, вие си останувате верни на себе. Потребна е храброст да се соочите со светот со тој авантуристички дух кој го имате. Кога станува збор за работа, вие се обидувате своите проекти да ги зачините со мала доза ризик. Можеби сега е вистинското време да го направите првиот чекор и да ја напишете книгата која отсекогаш сте сакале да ја пишувате или да започнете со работата која отсекогаш сте ја сонувале.

5. Чорапи со цик-цак линии
Вие сте необични, креативни и сакате да размислувате надвор од рамките. Вашите пријатели понекогаш ве критикуваат затоа што сте малку неуредни и не сте организирани, но тоа се случува бидејќи не го разбираат вашиот брз ум. Живеете според својот ритам, па токму затоа и сте склони да ги избегнувате другите луѓе. Светот има потреба од повеќе луѓе како вас, па токму затоа и не треба да се извинувате поради својата единственост. Исто така, кога луѓето ќе ве запознаат во целост, вие ќе ги освоите со својата чудесна креативност и шарм.
6. Чорапи со срциња
Вие сте романтична душа. Забавни сте и имате весела природа. Цврсто верувате во љубовните односи, без разлика дали се работи за пријатели или партнери. Вие сте лојални пријатели и секогаш сте во потрага по љубовта. Вашиот идеален состанок вклучува греење на каучот додека гледате романтична комедија. Бидете внимателни да не се разочарате од луѓето во вашата близина, бидејќи тие не го делат вашето чувство за романтика. Луѓето ве сакаат поради големото срце. Останете со отворено срце и со сигурност ќе постигнете големи нешта.
7. Чорапи со цветови
Вечни оптимисти. Вашето добро расположение и позитивен поглед кон светот ве прават среќни и задоволни. Вашата позитивна енергија е неверојатно заразна. Вашиот радосен пристап кон животот може да биде инспирација за вашите колеги кои се склони на жалење. Сите знаеме дека никој не е среќен цело време, но вие дури и кога имате лоши денови зрачите со својата позитивна енергија и ја потиснувате негативната преку разговор со вашите пријатели. Не плашете се да го отворите вашето срце, вашата искреност нема да го загрози вашиот топол став. Баш напротив, тоа ќе ви помогне да се чувствувате многу посреќно во животот.
8. Разнобојни чорапи
Гласни сте, горди и не се плашите да го покачите тонот на својот глас. На сите забави луѓето се собираат околу вас за да ги чујат вашите смешни приказни. Поради вашата театрална природа, вие сте им забавни на оние луѓе кои сакаат да се дружат со вас. Погрижете се да не зборувате гласно, со цел и остаматите да ве слушнат додека зборувате. Најдете време за интеракција еден на еден со своите пријатели и бидете сигурни дека зборувате исто онолку, колку што слушате. Бидете великодушни со вашите пријатели и односот ќе ви биде поцврст.Осум различни видови чорапи, даваат исто толку различни и специфични резултати. Секој вид чорапи посебно ќе открие еден од осумте различни видови н

Пронајдете не на следниве мрежи: