Суспензија за Карабатиќ и останатите местачи

Loading...

Седуммината ракометари, кои се обвинети за лажирање на натпреварот во францускиот шампионат помеѓу Монпеље и Рен, добија забрана за настап на шест натпревари, меѓу нив се наоѓа и еден од најдобрите играчи на светот Никола Карабатиќ.

Играчите на Монпеље се обвинети дека намерно го загубиле мечот со аутсајдерот, бидејќи се обложиле на пораз на нивниот тим.  Покрај Никола Карабатиќ, шест натпревари суспензија добија неговиот брат Лука, Младен Бојиновиќ, Примож Прост, Драган Гајиќ, Исам Теж и Самуел Онрубија.  Играчите имаат рок од пет дена да ја обжалат одлуката на Ракометниот сојуз на Франција.
 
Макфакс
Седуммината ракометари, кои се обвинети за лажирање на натпр

loading...
Loading...