Свечено пуштен во употреба детскиот парк во Сулдурци!

Loading...

Во присуство на заменик министерот за локална самоуправа Михаил Пренџов, градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов, директорката на Центарот за развој на Југоисточен регион Жулиета Ѓуркова, голем број на присутни гости и жители на населеното место Сулдурци на свечен начин беше пуштен во употреба детскиот парк во село Сулдурци.Овој проект е финансиран заеднички од Министерство за локална самоуправа преку Биро за развој на Република Македонија и општина Радовиш во висина од 2.700.000 денари.
На присутните граѓани им се обрати заменик министерот Пренџов нагласувајќи дека овие проекти се значајни за министерството и за граѓаните пред се од аспект на овозможување на еднакви услови за квалитетен живот на сите граѓани, намалување на разликите помеѓу урбаните и руралните средини како и спречување на миграцијата село-град.
Градоначалникот Николов рече дека општината учествува со 500.000 денари во изградбата на овој објект кој е наменет како за дечињата така и за сите жители од населеното место Сулдурци.
„Овој парк е 12-ти кој во изминативе четири години го пуштаме во функција. И во  ова прилика им се заблагодарувам на сите партнери во овој проект што ни ја дадоа подршката за изградба на истиот. Досега реализиравме повеќе проекти во село Сулдурци-асфалтирање на спортски терен, поплочување на улица, а во иднина најавувам дека ќе ја изградиме и улицата која води до училиштето, како и донесување на Детален урбанистички план за село Сулдурци“.    Овој проект е финансиран заеднички од Министерство за локална самоуправа преку Биро за развој на Република Македонија и општина Радовиш в

loading...