СВЕДОЧЕЊЕ „ОД ДРУГИОТ СВЕТ“: Девојка се вратила од мртвите и го открила својот убиец…

Во зимата 1897 година Мери Џејн Хистер од округот Грунбрир (Западна Вирџинија) ја посетил духот на нејзината ќерка. Месец дена предтоа, Елва „Зона“ Хистер Шу изненадно починала. Нејзиното тело го пронашло едно момче од соседството на 23 јануари. На основа на непотполна обдукција заклучено е дека починала од „долготрајна исцрпеност“.
Мери Џејн била премногу вознемирена поради неразјаснетата смрт на нејзината ќерка, но полноќните посети на духот на Зона  и пружиле многу повеќе од утеха.
Таа дознала дека нејзината ќерка не починала од природна смрт, ниту пак во несреќен случај, туку дека ја убил сопругот Еразмус „Едвард“ Стриблиг Траут Шу.
Иако нејзината смрт била сомнителна уште од самиот почеток, ништо конечно не го докажало обвинението кон Едвард. Додека момчето ја известувало полицијата и лекарот, тој ја избањал и облекол починатата сопруга, што било доста необично, бидејќи таа задача обично ја прават мајката и други жени.
Што е уште почудно, Шу му забранил на лекарот да ја заврши обдукцијата. Во текот на бдеењето, внимателно го чувал телото, а главата и ја потпрел на перниците и чаршавите и и врзал марама околу вратот. Рекол дека на тој начин поудобно ќе почива во мир…
ОВА СЕ СЛУЧУВА ПОСЛЕ СМРТТА: Открива жената на која и се појавил починатиот брат…

 

Зона била погребана на 24 јануари 1897 година. Кога мајка и го перела чаршавот кој го извадила од ковчегот на нејзината ќерка, водата се обоила во темноцрвена. Иако се упатувало кон тоа дека смртта на Зона не е слулајна, Мери Џејн не сакала да го обвини својот зет се додека во спалната соба не и дошол духот на нејзината ќерка.
Во текот на четирите ноќни посети, и раскажала дека неа всушност ја убил нејзиниот насилен сопруг, така што и го скршил вратот. За да и го докаже тоа на мајка си, ја свртела својата глава за 360 степени. Мери Џејн отишла во полиција и им го раскажала своето искуство.
Телото на нејзината ќерка било ескхумирано и на 22 февруари 1897 година повторно била направена обдукција, овој пат без никако мешање од страна на нејзиниот сопруг. Било докажано дека и бил смачкан душникот и дека лигаментите и биле искинати.
Било очигледно дека вратот и бил скршен со примена на сила. Набргу потоа, Едвард бил уапсен и обвинет за убиство на својата сопруга, а на 11 јули бил прогласен обвинет и осуден на доживотна робија. Три години подоцна починал од последица на непозната болест и бил погребан во необележан гроб.
Адвокатот на Едвард во текот на судењето бил уверен дека паранормалното сведочење на Мери Џејн ќе влијае на тоа судењето да заврши во корист на неговиот клиент, но нејзините тврдења биле потврдени во текот на одредени испитувања, а судијата едвај ја убедил поротата да ја занемари приказната за посетите на ќерката од гробот. 
ПОСЛЕ СМРТТА НА ЌЕРКАТА: Родителите отвориле во нејзиниот несесер и го пронашле ОВА!Месец дена предтоа, Елва „Зона“ Хистер Шу изненадно починала. Нејзиното тело го пронашло едно момче од соседството на 23 јануари. На ос

Пронајдете не на следниве мрежи: