Сведоштва од очевидци: „Мамо, мамо“, викаше малата Лара откако ја вративме во живот

Мамо, мамо“, биле првите зборови на 4-годишната Лара откако паднала од прозорецот од седмиот кат од зградата, во која живее во скопската населба Аеродром. Магационерот Живко, кој работи во колонијалната продавничка во зградата и кој во истиот момент го видел падот, бил присебен и прв ѝ дал прва помош, успевајќи да ја врати во живот малата Лара, пишува Дневник.Лара околу 10.45 часот паднала од прозорецот откако мајка ѝ ја оставила сама во станот на седмиот кат во зградата на улицата Владимир Kомаров, веднаш до слаткарницата „Палма“ во Аеродром и отишла во банка.
Според очевидци, падот на детето го ублажиле телефонскиот кабел и гранките од врбата, каде што девојчето се заплеткало пред да падне на земјата.
По падот на земјата девојчето било без свест, но вистинската и брза реакција на магационерот ја спасило и ја вратило во живот.
– Тој ми е колега и работи овде. Во моментот беше надвор пред магацинот, односно на само еден метар од местото каде што девојчето падна. Прво чул само тап удар. Kога се завртел лево, го видел девојчето како лежи на земјата.
Чичко Живко има четири стента, но тоа не го спречи да реагира и да и даде прва помош. Ми рече: „Прв пат во животот видов како некој превртува очи и ги враќа во нормала“. Веднаш побара вода, ја зеде во раце и ја легна на столовите во слатакарницата.
Ѝ ја отворил устата и забележал дека не го голтнала јазикот и почнал да ја мие со вода. Девојчето се освести, почна да дава знаци на живот и плачејќи да извикува „мамо, мамо“ – изјави вработена во маректот во зградата од која падна девојчето.
Очевидците велат дека девојчето и по падот ги движело нозете. Во првиот момент било без свест, но прозборело пред да го однесат во возилото на брзата помош.
– Ене, падна од прозорецот што е најгоре во вертикала над дрвото. Од таму падна девојчето. Но дрвото и кабелот го ублажија падот. На телото на девојчето немаш крв. Јас седев со уште двајца во соседниот дуќан и чув тресок. Веднаш истрчавме и видовме дека девојчето падна пред нозете на магационерот. Тој прв притрча и најмногу помогна. Го зеде во раце и го легна на столчињата во слаткарницата. Морам да кажам дека и екипата на брза помош дојде многу брзо. Мајката на девојчето не беше овде. Таа дозна откако девојчето го однесоа во болница. Се молиме да преживее и нашата Лара да ни се врати во маалото – рече соговорникот  за Дневник.
По несреќата девојчето било однесено во Kлиниката за реанимација и интензивна нега – KАРИЛ.
– Девојчето е на KАРИЛ и е во животна опасност. Има повреди на градниот кош и на карлицата – изјавија од Kлиниката.Лара околу 10.45 часот паднала од прозорецот откако мајка ѝ ја оставила сама во станот на седмиот кат во зградата на улицата Владимир Kомаров, ведн

Пронајдете не на следниве мрежи: