Сведоштво за хоророт во кој татко пукал во двете деца: „Ја оставил мајка си дома, а потоа се јавил…“

Еден татко во местото Липница во близина на Тузла, БиХ, вчера вечер пукал во своите две деца, а потоа се обидел да се самоубие.Сараевските медиуми објавија дека Н.Д., роден 1974 година, во своето возило пукал во 11-годишната ќерка и ја убил, потоа и во седумгодишниот син, а потоа испукал неколку куршуми во себе.
Како што се наведува, момчето било живо пренесено во Клиничкиот центар во Тузла каде набрзо им подлегнало на повредите, додека лекарите сѐ уште се борат за животот на таткото.
Пред самиот чин, Н.Д. му се јавил на соседот кој е полицаец, за да го извести што ќе направи. За жал, реакцијата била задоцнета.
Мајката неодамна ја напуштила куќата и заминала во Германија, а децата ги оставила со таткото.

Пронајдете не на следниве мрежи: