Изненадувачки е голем бројот сопственици на паметни телефони кои не ги заклучуваат истите, односно не си наместиле шифра за пристап до функциите на телефонот после одредено време неактиност, покажало истражувањето „Are you ready to Lock?“ Тоа не го прават повеќе од четвртина испитаници во истражувањето кое го спровело калифорнискиот универзитет Беркли во соработка со Гугл.
Како најчеста причина за незаклучување, испитаниците навеле дек не сакаат да губат време на типкање шифри секој пат кога сакаат да го користат паметниот телефон, а истражувањето покажало дека тоа не е малку време – заклучување и повторно отклучување на телефонот одзема дури еден час од времето месечно.
Како друга причина ја наведуваат загриженоста дека „чесниот“ прнаоѓач на телефонот (во случај да го загубат) нема да биде во можност да го пронајде сопственикот на телефонот.
Но, без оглед на тоа, предупредуваат дека сепак треба да го заклучувате вашиот паметен телефон, бидејќи на него корисниците воглавно остануваат пријавени на меил, социјалните мрежи, и бројни апликации кои ги користат. Замислете да го изгубите телефонот, а некој со притискање на една типка има пристап д вашиот е-меил или Фејсбук профил. А со помош на е-маил може да ги ресетира лозинките на многу сервиси кои ги користите и пред да сфатите што се случило, нечесниот пронаоѓач или крадец може да ви нанесе огромна штета.
Дури и ако немате паметен телефон, заштитете го пристапот на СИМ картичката со ПИН барем, за да го оневзможите пристапот до своите контакти. Тоа не го прават повеќе од четвртина испитаници во истражувањето кое го спровело калифорнискиот универзитет Беркли во соработка со Гугл.



