Swing Copters: Нова игра од креаторот на Flappy Bird!

Flappy Bird е дефинитивно феномен кој сме го пробале (и сме се нервирале) сите, а сега постои нова потенцијална игра која ќе не зарази. Креаторот на Flappy Bird, Dong Nguyen, ја претстави играта Swing Copters…Според трејлерот, можеме да заклучиме дека Swing Copters е всушност Flappy Bird, но свртена вертикално. Единствената интеракција со ликовите повторно ќе биде преку еден клик на екранот, но овојпат освен што ќе се движат нагоре, ликовите ќе се движат и лево/десно и ќе менуваат правец кога ќе кликнете на нив.
Целта е да се искачувате нагоре и да ги избегнувате чеканите кои замавнуваат од страните на екранот. Секако, не смеете да допрете било што на екранот, бидејќи тоа веднаш ќе резултира во вашата смрт. Кога на ова ќе ја додадеме ретро графиката, дефинитивно го имаме спиритуалниот наследник на Flappy Bird.
Повеќе на GSM.MKСпоред трејлерот, можеме да заклучиме дека Swing Copters е всушност Flappy Bird, но свртена вертикално. Единствената интеракција со ликовите повтор

Пронајдете не на следниве мрежи: